Помина предлог законот за употреба на јазиците во Р. Македонија од страна на Владата. Денес пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид премиерот Зоран Заев и Хазби Лика заменик претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, ги презентираа деталите од тој Закон. Заев истакна, дека со Законот за употреба на јазиците ја унапредиле употребата на јазиците на сите заедници, како и тоа дека сите одредби во законското решение биле согласно Член 5 од Уставот од РМ. Додаде дека пакетот го пратиле на усвојување во парламентот, а откако ќе биде усвоен, ќе биде испра…
Според Законот за измени и дополнувања на законот за вработување во случај на невработеност наречен Македонија вработува 1 и 2 се вработени оклу 450 охриѓани. Во изминатите 2 години се до 27 јуни кога важел овој Закон биле искористени бенефиции при варботувањата со ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за млади лица до 35 години и за ослободување од персонален данок на плата. Овие бенефиции ги искористиле неколку категории граѓани. Половина се млади до 35 години, но има и лица над 58 години, како и 10 лица од ранливите категории, информира Јован Баткоски ди…
Премиера на Битолскиот народен театар со Шекспировата комедија „Сон на летната ноќ“ вечерва на Фестивалот Охридско лето. Битолските актери претставата ја играат во режија на Џон Блондел. Ова е продолжение на соработката меѓу битолскиот народен театар и американскиот режисер. Театарскиот режисер и професор по театарска уметност на колеџот Вестмонт во Санта Барбара, Џон Блондел по трет пат се јавува како режисер по претставите „Хенри Шести“ и „Антоние и Клеопатра“. „Сон на летната ноќ“ досега ја режирал на три јазици, англиски, македонски и албански. Играта на судбината посакала случајно изре…
Пчеларската бранша е исправена пред колапс, коментираат пчеларите од охридско. Причина за тоа се ниските температури кои го зафатија нашиот регион кон крај на месец април, кои не дозволија пчелите да излезат од пчелните сандаци во првите пролетни денови. Тони Јосифовски претседател на охридските пчеларски здруженија, вели дека се тоа доведе и до голема смртност на пчелната популација, што загрижува.
„Годинешнава реколта е катастрофална, станува збор за катастрофа. Последните надежи можат да изумрат кај голем дел од пчеларите. Катастрофални се приносите. Оваа година не може да зборуваме дек…
Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму ќе настрада како што настр…
Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска.
„Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји во светот. Над 20 …
50- тина стечајци од два ДОЕЛИ од поранешно „АД ЕМО “, фирма со државен капитал, бараат да бидат опфатени со новиот закон за обештеување на стечајците. Тие со отвoрање на стечајнатa постапка во април ова година имаат поднесено побарувања за неисплатени плати и придонеси и нивната постапка е во тек. Но апелираат да бидат опфатени и во новиот закон за обештетување на стечајци, вели Миле Крстаноски поранешниот претседател на синдикатот на капитално поврзаните друштва во АД Емо.
„ Планирано е со дополнителна фаза да ги опфати и другите и апелираме до владеачкото мнозинство во парламентот да на…
Врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.На оваа своја седница Владата го разгледа Извештајот на ЈП Национални шуми за штетите од пожарите заклучно до 15 август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со ш…