Авг 22, 2017

Мауцкер делумно ќе се исчисти

Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште пред две години Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти и тогашната директорка на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место две години подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ тогаш неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа бидејќи немаа ниту механизација ниту кадар за тоа. Трабаше да се распише јавен повик за и…

Авг 25, 2021

Утре ќе се одржи изложбата „Низ детските очи 2“

Втора година по ред се одржа летната сликарска школа „Пробај уметност“, која траеше осум недели и во неа учествуваа преку триесет деца. За разлика од лани, оваа година со делумна финансиска помош од Општина Охрид и донации од граѓани, беше овозможено 10 деца од семејства од ранлива категорија да бидат дел од школата, велат организаторите. Како завршен дел од проектот, планирана е и изложба, насловена „Низ детските очи 2“. На изложбата ќе бидат поставени 84 слики од 21 автор. Сите слики се работени во текот на сликарската школа, а авторите се деца на возраст од 5 до 12 години. Изложбата …

Авг 22, 2017

Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион

Никако да се најде градежна фирма што ќе ги изгради јавните тоалети во Охрид. Градот и по трет пат нема среќа со успешноста на тенедерот за изградба на јавни тоалети. Југозападниот плански регион го поништил третиот тендер и во меѓувреме распишал нов. Причината иста како и лани, на тендерската постапка не пристигнала нити една соодветна понуда, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. „Тендерите се отворени на елктронскиот систем за јавни набавки и сите фирми или економски оператори кои сметаат дека може да ја завршат таа работа и ги исполнуваат условите можеа …

Авг 22, 2017

Се е подготвено за 31то издание на Меѓународниот атлетски маратон

Во тек е пријавувањето на учесниците за претстојното 31-во издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид. Подогтовките се пред самиот крај. Рокот за пријавување истекува на 25-ти август, а досега се пријавени околу седумдесет учесници. Пријавувањето за трките е на веб страната www.smartrace.club, а котизацијата изнесува 600 денари за маратонската трка и 400 денари за трката на 5 км. Претседателот на Здружението „Охридски Атлетски маратон 2012“ Пецо Неданов вели дека радува фактот што годинава е зголемен бројот на пријавени женски учесници за маратонот. Здружението Охридски Атлетски Мар…

Авг 22, 2017

Повторно намален број на запишани ученици во руралните општини

Годинава повторно помал бројот на запишани ученици во основните училишта во руралните општини особено во прво одделение. Општина Дебрца е една од тие општини. И покрај ваквиот негативен тренд кој е карактеристичен за територијата на целата држава, од оваа општина продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти кои се однесуваат на подобрување на условите за спроведување на образовниот процес. Во отчетот на градоначалникот на општина Дебрца за сработеното во изминативе четири години, стои дека во овој период реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно 11 основни училишт…

Авг 21, 2017

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината. За да не се случи конфликт помеѓу законодавецот, директорит…

Авг 21, 2017

Пожарот кој викендов беснееше во близина на селото Вапила е локализиран

Пожарот кој викендов ја зафати шумата во атарите на селата Вапила и Сирула, Охридско е локализиран, велат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Голема површина од дабовата и боровата шума во овој реон е опожарена, односно станува збор за 20 хектари шума од атарот на село Вапила и околу триесеттина хектари од атарот на село Опеница. Утрово охридските пожарникари направиле повторно увид на опожарената површина, каде е констатирано само догорување на суви гранки без можност за дополнително ширење на пожарот. Проблем на пожарникарите и екипите на македонски шуми кои викендов се бо…

Авг 21, 2017

Фестивалот Охридско лето помина во беспрекорна организација

Полни гледалишта, позитивната критика и задоволните уметници се доказ дека годинешново 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“, помина во беспрекорна организација, истакна директорката на оваа установа Сузана Вренцоска, на денешната завршна прес конференција. Вренцоска нагласи дека политиката што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство. „Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста на ова светско собиралиште …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top