Авг 26, 2021

Во сабота е Голема Богородица, празник на мајките и жените

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име. Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при…

Сеп 7, 2017

Што очекуваат граѓаните од идниот градоначалник

Нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Локалните избори во Република Македонија, на кои ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини, охриѓани со јасна визија за тоа кои треба да бидат приоритетите на идниот градоначалник на нашата општина. Повеќе паркинг простор, повеќе градско зеленило, подобра комунална хигиена и јавни тоалети се дел од очекувањата на охриѓани од идниот Градоначалник на Охрид. „Паркинзи нема, шеталишта повеќе, повеќе клупи“…„За комуналните проблеми, паркинзи, повеќе тревни површини, поголема хигиена“…„WC нема, па кучињата скитници, срамота е овие шт…

Сеп 6, 2017

Охриѓани добија ново спортско игралиште

„Играј баскет со Локалната“. Синоќа во рамки на СОСУ „Св Кирил и Методиј “, на новото повеќенаменско игралиште, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и неговиот тим составен од директорите на ЈП, промовирајќи ги здравите животни навики преку спортот, свечено го пушти во употреба новото спортско катче во градов. Ова игралиште пред се на многумина ќе им ги врати убавите спомените од детството на местото каде некогаш спортувале, истакна градоначалникот Бакрачески. „Реализиравме еден мошне добар проект кој што претставува континуитет на она што ние 4 години го инвестиравме во спортската …

Сеп 6, 2017

Сеуште има слободни места во охридскиот студенски дом

Во тек е конкурсот за сместување на студенти во охридскиот студенски дом „Никола Карев“. Истиот се однесува за студенти кои се запишуваат во прва година. Директорот на домот Марјан Ристески информираше дека ја имаат конечна листа на студенти кои имале можност да аплицираат до 25 август за втора трета и четврта година. За студиската 2017, 2018 година домот на располагање има вкупно 231 легло. „Очекуваме како и претходните години да имаме 80 – 90% исполнетост на капацитетот со кој располагаме односно некаде околу 190 студенти. Директно сме зависни од студентите кои што се запишуваат на факул…

Сеп 5, 2017

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со раководните лица од СВР – Охрид

Транспарентноста и отчетноста на институцијата пред граѓаните како нејзин сервис ќе се новите принципи на работа на полициските служби, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при средбата со раководните лица од СВР – Охрид. На средбата министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба во подрачјето што е под ингеренција на СВР-Охрид. Таа генерално е добра, но и понатаму ќе се работи за нејзино подобрување во повеќе аспекти, подвлече Спасески. Еден од клучните проблеми особено на СВР – Охрид е недостатокот на кадровски потенцијал, поточно на полицајци кои ќ…

Сеп 5, 2017

Осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро

Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари клубот, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан.Заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, вели дека оваа несреќа не потсетува и опаметува во насока на подобрување на услугите кои се нудат на туристите од аспект на нивна поголема безбедност.И денес жали…

Сеп 5, 2017

Балканот помеѓу Истокот и Западот – стари или нови безбедносни предизвици

Мирот и безбедноста се неделиви категории. Кога зборуваме за мирот и безбедноста во регионот сите сме свесни дека постојат многу фактори и чинители кои ја детерминираат безбедноста на секоја држава поединечно и на регионот како целина. Ова го истакна претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери во обраќањето пред учесниците на третата Регионална конференција за безбедност „Балканот помеѓу Истокот и Западот – стари и/или нови безбедносни предизвици што од денеска се одржува во Охрид. Тој додаде дека главни закани по мирот и безбедноста во регионот ги посочи бегалската криза, односно Балкан…

Сеп 4, 2017

Започна новата учебна година

Првиот училишен ден, за некого возбудлив, за некого стресен, а за трети плачлив. Многу различни емоции од синоќа до денес се испреплетени, посебно за првачињата и нивните родители. Дел од новите првоодделенци за прв пат ќе седнат во клупа и ќе го слушнат училишното звоно, а дечињата кои посетувале градинка поопуштено го дочекаа првиот училишен ден. На овој ден ќе се родат многу нови другарства кои ќе се надополнуваат преку секојдневно учење и дружење истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески, поздравувајќи ги новите првоодделенци од ОУ „Христо Узунов“. „Нашите првачиња поради новиот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top