„Најдобри сте во извртување на работите во своја корист, но треба да сфатите дека охриѓани се помудри отколку што мислите. Тие ја имаат во раце Стратегијата која го најавува вашето црно и болно сценарио.
Ние, како партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваме иницијативата за референдум и никогаш не сме биле против бегалците, напротив ние сочувствуваме со нивната трагедија, но цврсто стоиме на ставот и порачуваме дека нема да дозволиме никој да носи одлуки без да го чуе гласот на народот. Најмалку да си игра со нашата судбина и судбината на нашите деца. Охрид е народот и народот е Охрид! Престанете да…
Општина Охрид објавува конкурс за доделување стипендии на талентираните ученици од прва година, запишани во средните училишта во Општина Охрид за учебната 2021/2022 година.
Повеќе информации околу конкурсот на следниот линк
Охридските галеристи бараат да се реализираат ветувањата за отварање галериски простор каде уметниците ќе можат да ги излагаат своите дела. Малубројните галерии во градов се претесни за во нив да можат да се претстават барем поголемиот дел од сликарите, било локални, било национални. Потребата од национална и градска галерија се наметнува од два аспекти. Едниот е потребата на уметниците за свој репрезентативен простор, а другата е потребата на туристите да посетат една галерија во која ќе можат да добијат впечаток за современата уметност со која располага нашиов град, но и државава.Години н…
Од Градската Библиотека „Григор Прличев“ за оваа недела ви предлагаат да прочитате нови книги од издавачот „Сакам книги“.
Побарајте ги: „Војводата и јас“ од Џулија Квин, „Длабоко во темнината“ од Ен Лорет Вајт, „Еден незаборавен Божик“ од Лиса Клејпас и „Некој близок“ од Кара Хантер.
Во оваа неделна понуда имаат и две книги од авторот Себастијан Фицек. Тоа се романите: Страв од летање на 7А “ и „ На пат кон дома“ и следните два наслови: „Искра надеж“ и „ Шума на спомените“ од Сем Лојд.
Работното време на НУ Библиотека „Григор Прличев“ со читатели е од 8 и 30 до 16.00 часот секој работе…
На само два дена ред одржувањето на седницата на советот на Општина Охрид, на чиј дневен ред епредлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво, поднесена од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ, од О.О. на СДСМ со став. Координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски на денешната прес конференција истакна дека доколку се донесе одлука во секоја општина да се спроведе референдум, со оглед на тоа дека мнозинството советници е на страната на ВМРО ДПМНЕ, ние како СДСМ ќе го повикаме членството и граѓаните да гласаат против наводната одлука за градење станови за бегалци,…
Како што е најавено, на седницата, советниците ќе расправаат за предлог заклучокот за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво и за предлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво. Иницијативата е поднесена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, а доколку иницијативата се прифати од советот, охриѓани на референдум ќе можат да се изјаснат:дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил.
Советниците, меѓу другото, ќе расправаат и за предлог одлуката за потребата од прогласување на стариот чинар (platanus orientalis) …
Конгресниот и културниот туризам се формите на туризам кои на хотелските работници од градов имм овозможуваат да опстојат во текот на целата година. Конгресниот туризам е идеална форма со која се пополнува вакумот од една до друга туристичка сезона. Охрид нуди идеални услови за развој на конгресен туризам. Хотелиерите се повеќе инвестираат во изградба и осовременување на конгресните сали како би можеле да им излезат во пресрет на гостите кои одлучиле токму кај нив да ги одржат своите семинари и конгреси. Ова е еден од начините преку кој можеме да имаме туристичка сезона 365 дена во годината…
Еден час четириесет и една минута и деветнаесет секунди му беа потребни на кенискиот маратонец Виклиф Кипкорир Бивот, да ја истрча триесет километарската патека од Св. Наум до Охрид долж крајбрежјето на Охридското езеро со многу нагорнини и надолнини и прв да стигне на целта. Бивот вели станува збор за вистински предизвик и убава подготовка пред неговиот следен маратон.
„Како прво би сакал да им се заблагодарам на организаторите на тркава, навистина сум среќен, ова е мое прво учество на овој маратон, и навистина многу сум среќен.Не беше лесно, има многу нагорнини, но ова ќе биде една добра…