• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СДСМ Охрид: „Ние не сме против референдум, не сме против да се донесе одлука против градење станови за бегалци“

СДСМ Охрид: „Ние не сме против референдум, не сме против да се донесе одлука против градење станови за бегалци“

„Но, не можеме да гласаме за референдум во ситуација кога за тоа нема потреба“, изјави денес координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

 |   | 

На само два дена ред одржувањето на седницата на советот на Општина Охрид, на чиј дневен ред епредлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво, поднесена од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ, од О.О. на СДСМ со став. Координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски на денешната прес конференција истакна дека доколку се донесе одлука во секоја општина да се спроведе референдум, со оглед на тоа дека мнозинството советници е на страната на ВМРО ДПМНЕ, ние како СДСМ ќе го повикаме членството и граѓаните да гласаат против наводната одлука за градење станови за бегалци, рече Стојаноски.

„Во моментов на територијата на нашата држава ниту поминуваат бегалци, а најодговорно изјавуваме дека ниту некој ќе гради станови за сместување на бегалци. Станови ќе има, но за македонските граѓани кои се социјални случаи, не за измислени бегалци“ вели Јован Стојаноски – координаторот на советничка група на СДСМ – Охрид.

Јовановски објасни дека граѓаните видоја дека пред околу година дена повеќе од милион бегалци доаѓаа преку Грција и ги ризикуваа своите животи за што побрзо ја напуштат територијата на Македонија. Нашата држава е само транзитна попатна станица на нивниот пат кон запад.

„Апсурдна е во овој случај предлог одлуката за распишување на референдум за стратегијата за бегалци која локалната власт на ДПМНЕ и Бакрачески сакаат да ја наметнат токму на денот на локалните избори. Правото на граѓаните за организирање референдум е неприкосновено и во секој случај почитувано, но истото треба да се користи за прашања кои се од витален интерес за граѓаните, а не за лажни измислени и бесмислени ситуации“ потенцира, Јован Стојаноски – координаторот на советничка група на СДСМ – Охрид.

Јованоски рече дека, ВМРО ДПМНЕ најпрво ги заплашуваше граѓаните со албански платформи, двојазичност, а сега се обидуваат тоа да го направат со некакво населување на бегалци во Македонија. објасни дека стратегијата која се спомнува е истата стратегија која владата на ВМРО ДПМНЕ, преку нивното Министерство за труд и социјална политика ја носело во изминатите години и е задолжителна за државата под влијание на меѓународните конвенции. Но тогаш за стратегијата не се распишувале референдуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top