Осум нови наслови – осум нови возбудливи приказни

Од Градската Библиотека „Григор Прличев“ за оваа недела ви предлагаат да прочитате нови книги од издавачот „Сакам книги“.

 |   | 

Од Градската Библиотека „Григор Прличев“ за оваа недела ви предлагаат да прочитате нови книги од издавачот „Сакам книги“.

Побарајте ги: „Војводата и јас“ од Џулија Квин, „Длабоко во темнината“ од Ен Лорет Вајт, „Еден незаборавен Божик“ од Лиса Клејпас и „Некој близок“ од Кара Хантер.

Во оваа неделна понуда имаат и две книги од авторот Себастијан Фицек. Тоа се романите: Страв од летање на 7А “ и „ На пат кон дома“ и следните два наслови: „Искра надеж“ и „ Шума на спомените“ од Сем Лојд.

Работното време на НУ Библиотека „Григор Прличев“ со читатели е од 8 и 30 до 16.00 часот секој работен ден.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца – ученици 200 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top