Клубот на пензионери од Охрид и Дебрца е едно ретките здруженија кое во рамки на својата годишна програма редовно ја има активноста, снабдување на пензионерите со огревно дрво на одложено плаќање. Претседателот Ѓорѓи Трпчевски вели дека годинава обезбедиле околу 5000 метри кубни дрва, бука и даб, што сметаат дека со оваа количина успеале да ги задоволат потребите за оваа сезона за сите кои се запишале на нивниот список.
„На време е извршена оваа набавка на дрвата затоа што не можат пензионерите сами да извршат одеднаш снабдување и во кеш да платат 25 до 30 000 денари, затоа ние го негуваме…
Д-р. Митко Тилевски, ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ во Охрид, неофицијано дознава ТВМ ТелевизијА. Тилески, за одлуката бил информиран доцна синоќа, а се очекува партијата и официјално да ја потврди информација за кандидатурата.
Инаку Д-р. Митко Тилески е вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо Охридски“ и поранешен раководител на оваа установа.
Локалните избори во Охрид ќе се одржат на 15ти октомври, рокот за поднесување на листи на кандидати за градончалници и советници до општинските изборни …
По еден загинат на работно место секоја недела. 42 смртни случаи годишно поради повреда на работното место. Ова е билансот во државава поради немањето соодветна безбедност и заштитата на работниците на работното место. Како најопасни професии кои земаат најголем данок во човечки животи се оние во земјоделството, во транспортните дејности, полицијата, градежништвото, а високо на оваа скала се наоѓа и новинарството. Затоа македонското здружение за заштита при работаГи седна на маса граѓанските асоцијации со цел подигнување на капацитетите во однос на безбедноста и здравјето при работа кои тре…
Охриѓани на денот на локалните избори, 15 октомври, ќе се изјаснуваат и на референдум дали се за или против прифаќње бегалци. Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво ја изгласаа мнозинството советници на ВМРО ДПМНЕ и независните советници во градскиот совет, додека опозицијата беше воздржана. Расправата беше проследена со различни политички гледишта на оваа тема. Советникот од ЛДП Дејан Блажески се повика на член 36 од Законот за референдум како и за начинот и бројот на собраните потписи кои треба да се пред органите на управување, а не на улица и по домовите. Смета дек а…
Согласно елаборатот кој го изготви Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје во рамки на проектот на Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид, единаесет века стариот чинар во центарот на Охрид како и уште неколку стари дрва во градов ќе бидат ревитализирани и соодветно заштитени.
„Целта е низ валоризација на степенот на загрозеност на стеблото да се направи програма за негова заштита која ќе има за цел да се испита она што е направено претходно како заштита со години, за што заклучивме дека всушност и не била квалитетна заштита затоа што во са…
Првите години од животот на секое дете се еден од најважните периоди во однос на почетокот на неговите музички способности. Музичките часови во „Музичкото катче“ во Охрид се фокусирани и кон основните аспекти на индивидуалниот развој на децата. Физиолошкиот развој ќе се поттикнува преку разните ритмички (марширање, точно и артикулирано движење на различни музички метри и бројни други ритмички игри) и мелодиски вежби (пеење), додека вежбите како: слушање, препознавање на сличности и разлики, соодветно движење на разни музички образци, препознавање на тоника, препознавање на различни музички …
Факултетот за туризам и угостителство од Охрид заедно со Факултетот за безбедност остануваат најатрактивните факултети според бројот на запишани студенти, на ниво на битолскиот универзитет Св. Климент Охридски, додека насоката Царина и шпедиција останува најатрактивната насока за студентите и оваа година. Оваа насока се пополнува веднаш во првиот уписен рок, за кој уписите стартуваат веќе следната недела, вели деканот на ФТУ Проф.др.Цветко Андреески.
Очекуваме како и минатата година да запишиме околун 200 студенти, а покрај студиската програма Царина и шпедиција, ги имаме студиските прог…
Голем пожар попладнево избувна кај поранешната охридска касарна „Михаило Апостолски”. Дополнителен проблем кој ја засили огнената стихија беше силниот ветер кој го зафати Охрид.
Според информациите кои ги добивме од командирот на Охридската противпожарна Единица Спасе Прентоски, во гаснење на пожарот учествувале 4 возила и околу 17 пожарникари. Состојбата дополнително била покомплицирана и заради неможноста на возилата да влезат во касарната заради бодликавата жица. Исто така и на нашата екипа не и беше дозволено да пристапи до теренот каде што гореше тревата.
Според првичните проценки не…