Охриѓани се свесни за потребата од водење здрав живот и здрава исхрана, како и за користењето на храната од органско производство. Се поголем број на граѓани се свесни за поврзаноста на правилната и здрава исхрана и здравјето, како и за се поголемата застапеност на генетски модифицирана храна на пазарот па затоа се подготвени да бараат да купат здрави органски производи. ТВМ ги анкетираше охриѓани околу тоа дали знаат што е органска храна, кој е бенефитот од истата и каде може да се набави. Во Охрид, големата фармацевска компанија Зегин има специјализирани продавници каде може да се набави …
Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Д-р Снежана Стефаноска.Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот …
Охрид како православен центар никогаш не се согласувал со обидот на територијата на Архиепископијата да се создаде нова црковна организација. „На сите нам ни се познати црковните прилики на Балканот, кои не се само идентификација на Црквите на овој простор, туку и низ целото Православие. Станавме заробеници на форми и празни дефиниции, на политики, на суети, на историски предности и некакви права, на национални желби и посакувања“, истакна Поглаварот на МПЦ Господин Стефан на на свеченоста која викендов се одржа во Охрид по повод 50 годишнината од возобновувањето на охридската архиепископиј…
Охрид е домот на брендираната „охридска цреша“ и на најубавите јагоди. Обработливото земјиште со кое располага охридскиот регион е одличен капацитет за развој на земјоделството. За да се постигнат видливи резултати, потребно е зголемување и на производството, но и на пласманот на производи, истакна на денешената прес конференција Јован Стојаноски кандидат за градоначалник на Охрид.
„Токму затоа предвидуваме изградба на откупно-дистрибутивен центар. Со ова создаваме услови за соодветно сортирани,пакувани и продадени земјоделски производи. Просториите за ладење и одржување на откупно-дистриб…
Македонија и Словенија започнуваат стратешко партнерство во одбраната. До крајот на годинава ќе биде потпишан амбициозен договор за стратешка соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји, а се надевам нашиот пример ќе го следат и двете влади, кажа министерката Радмила Шеќеринска по билатералните разговори во Охрид со министерот за одбрана на словенија Матеј Тонин. Посакувајќи му добредојде на својот колега, Шеќеринска рече дека го поканила во Охрид кој е еден од 28-те градови во светот кои УНЕСКО ги прогласи за светско културно и историско наследство за преку најубавото од Македо…
Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се – за независност.
Портпаролот на Влдата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.
Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година, традиционално се одбележа Светскиот ден на срцето. Овој настан има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Денес тимови од Заводот за кардиоваскуларни заболувања мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости.
Онаму каде што нашите доктори забележале…
Со служење на света литургија и кршење на погача денес во елитната туристичка населба Лагадин беше одбележан празникот посветен на Вера, Нада, Љуба и мајката, великомаченица Софија. Голем број верници традиционално се собраа во малата црквичка на езерскиот брег и го одбележаа овој христијански празник. Тие со свеќа и молитва си посакаа здравје, љубов и благосостојба.
Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред 17 години на иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор, ја изгради малата црква на самиот брег на Охри…