СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишниот С.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, на парцела во Охрид, како инвеститор, без одобрение за градба изградил станбен објект – информираат од МВР
Како СДСМ Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари и дали тоа ќе се прави со експропријација на земја од сопствениците, праша на денешната прес конференција Кирил Пецаков носителот на советничката листа на Вмро Дпмне и коалицијата За подобра Македонија. По која цена планираат во СДСМ да ја платат земјата која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците, праша Пецаков.„ ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски да одговорат пред целата ох…
Митко Тилевски кандитот за градоначалник од Вмро Дпмне и Коалицијата најави реконструкција на двата градски плоштади. Вмро Дпмне не застанува, како што не застана и претходните години, рече на прес конференцијата Тилевски.
„ Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани“, најави Тилевски.
Од градскиот плоштад беа презентирани двата проекта како едни од главните идеи кои се дел од програмата која ќе се реализира во перидот 2017-2021. „ Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има пот…
Одбележан јубилејот 4 децении постоење на АК Охрид. Пецо Неданов, претседател на УО на клубот со гордост го посочува фактот што плеада охридски атлетичари со постигнати врвни резулатати го сместија Охрид во врвот на македонската атлетика. Атлетскиот клуб помина низ многу премрежја во текот на сите овие години, но кралицата на спортовите ни дала упорност и истрајност да постигнуваме резултати достојни за почит, напомена Неданов за работата на клубот.
„ Во многу тешки услови работевме, со блокирана жиро сметка и тешко опстојувавме. Имаше помош од општината за патувањата, но и сами дел од упр…
На половина од изборната кампања за Локалните избори 2017, Илија Арнаудовски, кандидатот од советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, со низа обвинувања за актуелната политика која ја води СДСМ, а посебно кон охридските пратеници и нивниот избор за кандидат за градоначалник на Охрид. Тој вината за поразителниот податок на Државниот завод за статистика за иселувањата на младите од Охрид ја фрли на СДСМ
„СДС, Жаклина Лазареска, Томислав Тунтев и Јован Стојаноски, нудеа лажна перспектива за граѓаните, а особено младите и божемно привлекување на младите генерации….
Спас за Студенчишкото блато и наместо досегашната заштита од 4 до 5 хектари истата да биде од 50 до 70 хектари. Ова би била една од заложбите на охридските социјалдемократи, која ја пренесе носителот на листата д-р Костантин Георгиевски, на денешната прес конференција, нагласувајќи дека пред себе имаат мисија да ја сочувуваат светоста на целокупното природно богатство кое го поседуваме. Георгиевски рече дека во моментов овој природен феномен населен со најразлични видови растителен и животински свет е од особено значење за Охридското Езеро, но, нивото на неговата моментална заштита била нед…
Вложувањето во спортот е највредна инвестиција корисна за сите граѓани. Тоа го покажува досегашната практика на инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации и за правилен физички развој, истакна д-р Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, на денешната прес конференција промовирајќи го проектот Изградба на спортски и детски игралишта.
„Изградба на спортско и детско игралиште со уредување на околниот простор во Елшани. Изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет и осветлување споре…
За скоро месец дена од влегување на сила на Законот за стечајци во охридската Агенција за вработување се поднесени 322 барања. Барање за оставрување на правото на паричен надоместок има во најголем број од стечајците од АД ЕМО и Доелите, но и од Засатва – АГП со трговските друштва, Слобода, Братство, Езерка, Илинден, Стружанка, Напредок, Отекс, Лихнида, Охридска трговија и други, информира Јован Баткоски директор на Агенцијата за вработување. Наша цел е со овој закон да бидат опфатени што поголем број стечајци, но мора да се исполнат истовремено сите законски услови за да се оствари правото…