Најтрофејниот градски клуб, АК Охрид одбележа 4 децении постоење

Најтрофејниот градски клуб, АК Охрид одбележа 4 децении постоење. Во изминатиот период плејада охридски атлетичари постигнува врвни резултати. Со ентузијазам на поединци успеваа да соборуваат резултати и на градот да му донесат  врни спортски успеси и награди иако беа оставени без финансиска  поддршка на институциите.

 |  Валентина Неловска  | 

Одбележан јубилејот 4 децении постоење на АК Охрид. Пецо Неданов, претседател на УО на клубот со гордост го посочува фактот што плеада охридски атлетичари со постигнати врвни резулатати го сместија Охрид во врвот на македонската атлетика. Атлетскиот клуб помина низ многу премрежја во текот на сите овие години, но кралицата на спортовите ни дала упорност и истрајност да постигнуваме резултати достојни за почит, напомена Неданов за работата на клубот.

„ Во многу тешки услови работевме, со блокирана жиро сметка и тешко опстојувавме. Имаше помош од општината за патувањата, но и сами дел од управата покривавме и максимално се правевме да се одржи тој континуитет“, рече Неданов за рабоата на АК Охрид.

Постигнатите резултати „АК Охрид “ го вбројуваат во најтрофејниот градски ,спортски клуб и го прават гордост на градот, рече Никола Бакрачески градоначалникот на заминување.

„ Еден чин на одговорност како градоначалник и институцијата која утре ќе ја наследи некој друг претпоставувам дека ќе ја има истата обврска за негување на спортот и атлетиката ќе остане на оние кои ќе дојдат после мене како градоначалник и како состав на Локалната самоуправа“, напомена Бакрачески.

Финансиските потешкотии со кои низ годините се соочуваше клубот не ги поколебаа атлетичарите од Охрид да освојат 3000 награди дома и во светот, да соборат 50 рекорди во повеќе дисциплини. Охридскиот атлетичар  Реџеп Селман, да учествува во 2012 година на Олимпијадата во Пекинг и останатите врвни атлетичари да учествуваат на други престижни меѓународни атлетски натпревари. Интерес за атлетиката во Охрид има, сега клубот брои 15-тина млади атлетичари. Охридските вљубеници во кралицата на спортовите се надеваат дека ќе продолжи традицијата започната пред 4 децении под водство на познати охридски тренери меѓу кои е името на Проф. Влатко Димитров, порачуваат од УО на АК Охрид.
По повод одбележувањето 4 децении од постоењето на АК Охрид беа врачени плакети на заслужни поединци за постигнатите резулатати на АК Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top