Авг 29, 2021

Жител на Лескоец се однесувал агресивно кон полициски службеници

На 28.08.2021 во 21.25 часот, во охридското село Лескоец, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.Л. (39) од истото село, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Окт 19, 2017

Граѓаните најмногу трошеле на храна, а најмалку на здравјето

Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари, според податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Од објавената сума од 32.316 денари за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денари. За храна во август се одвојувале 13.422 денари. На комуналните трошоци се издвојувале 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари. Месечно граѓаните трошеле 2.340 денари за превоз и за облека и обувки 2.129 денари. За посета на културни манифестации се издвојувале околу 1.0…

Окт 18, 2017

Во Охрид и понатаму е голем процентот на случаи на семејно насилство

Оваа година во Охрид регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство. Од нив 14 дела се „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица. Во помал број случаи жртви се мажи. Најчесто сторителите на ова насилство се во алкохолизирана состојба. Семејните насилства регистрирани во СВР Охрид, с…

Окт 18, 2017

Органската храна супер оружје против вирусите и настинките

Пред нас е зимата кога студот и загадениот воздух го напаѓаат нашиот имунитет. Се полнат болниците и лекарските ординации. Во голема мерка нашето здравје зависи од храната која ја внесуваме. Нашиот одбранбен механизам и справувањето со настинките, вирусите и падот на имунитетот имаат гоелма поврзансот со квалитетот на она што го јадеме и колку е храната богата со витамини и минерали. Евидентно е следењето на разни трендови во исхраната при што граѓаните посебно се интересираат за органските производи кои се здрави и богати со витамини. ТВМ ги анкетираше граѓаните за нивните размислувања как…

Окт 18, 2017

Долга редица за вакцинација од сезонски грип во Охрид

Гужва пред охридското епидемиолошко одделение при Центарот за јавно здравје, во Охрид. Само денес, за нецел час откако почна имунизацијата над 50 пациенти ја примија вакцината против сезонски грип. Најголем број пациенти беа повозрасни граѓани, кои како најризична категорија бараат начин да се заштитат од вирусот што коси во зима. Докторите со апел, вакцината пожелно е да ја примат сите граѓани кои работат во институции каде има голема фреквенција на луѓе а не само лицата над 60 годишна возраст, што за жал кај нас тоа го покажува праксата. „Одзивот е голем, досега се вакцинирани околу 1000…

Окт 18, 2017

Давид Крстески на „3 СЛОВЕНИЈА ОПЕН 2017” освои 2 медали

На турнирот нашиот клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид настапи со 5 натпреварувачи ,кои иако беа претхидниот викенд во БиХ на” ДОБОЈ ОПЕН 2017”, и неколку денови поминаа во автобус место во салата, и видна беше пристрасноста на судиите, но сепак успееаја да земат 3 медали на овај престижен турнир со што докажаа дека се достојни на целиот труд што е вложен во нив. Овoј натпревар ќе го паметиме по тоа што пристрсноста на судиите беше огромна ,и видно беа револтирани многу тренери од многу земји. Освојувачи на медали на овај турнир се: Давид Велковски 2 место спаринг-борби, јуниори -57 кг, кој…

Окт 17, 2017

Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град

По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Неделата на борба против гладта од 17 до 23 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. По повод Све…

Фев 15, 2022

Кражба кај одморалиштето „Младост“ во Охрид

На 14.02.2022 година околу 22 часот, во СВР Охрид е приведен Љ.М.(66) од Охрид. Тој претходно, со употреба на погоден алат и физичка сила, од објект во близина на одморалиштето „Младост“ во Охрид, неовластено одзел предмети. Истите, со потврда се одземени од него и вратени на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top