Водата во Струга небезбедна за пиење. Тоа го покажаа денешните анализи од ЦЗЈЗ преку кои е констатирано дека има голема матност на водата, но за среќа не се забележани некои патогени бактерии.
Веднаш алармиравме и ги известивме инспекциските служби и Агенцијата за храна и ветеринарство кои веднаш постапија согласно нивните процедури и согласно законските прописи така да донесено е решение водата да не се користи за пиење, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ.
ЦЗЈЗ препорачува водата воопшто да не се употребува за пиење се до оној момент додека не се констатира дека таа е безбедна и дека нем…
За време на празниците кога има поголема циркулација на луѓе во градот, за жал поголем е и бројот на кражби. Добар извор на информации за сторителите на имотни и на други деликти претставува и објавувањето фотографии и локации на социјалните мрежи за тоа каде ќе се прославува новогодишната ноќ, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Апелирам до сите граѓани да се воздржат од постирање информации на фејсбук каде ќе ја поминат новогодишната ноќ, бидејќи тоа едноставно им ја олеснува работата на сторителите на казнени дела-кражби и претставува валидна информација дека можат да го стора…
Жителите од улицата Васил Стефоски кај Грашница утрово реагираа на поплавената улица. Кажуваат дека во близина на кампот Партизан се затнати две шахти и тоа од атмосферската канализација и од колекторот. Реагирале до ЈП „Нискоградба“ и пред 10 тина дена кога заврнал исто така пообилен дожд, но кажуваат дека сликата се повторува. Граѓани се пожалија дека минувањето и движењето на пешаците и возилата било отежнато утрово и на улицата која минува пред Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Свети Стефан.
Од ЈП „Нискоградба“ за посочениот проблем во писмено соопштение информират дека зголеме…
Одржана 63та седница на градскиот Совет на која што се расправаше по 86 точки од дневниот ред. Советниците ги усвоија предложените одлуки иако опозицијата не даде согласност или беше воздржана за повеќето точки кои беа на денешниот дневен ред. Советниците од опозицијата не дадоа согласност за годишните планови за вработување во основните училишта за следната година, а не ги прифатија ни годишните извештаи за работа и материјално-финансиското работење во школите и јавните претпријатија. Од дневен ред беше повлечена предлог одлуката за давање согласност за усвојување на годишниот план за враб…
Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион.
„Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на крајот ќе треба да даде согл…
Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството затоа што интервентен к…
На ФТУ и на Универзитетот Св Апостол Петар презентирани стипендиите за студирање на американските универзитети за македонските државјани. Стипендии има за сите возрасти и групи на студии за студенти и професори, информира Газмен Иласи од американската амбасада одговорен за образовните програми. Се нудат стипендии почнувајќи од средношколците , додипломски постдиполомски, интензиви постдипломски студии, за професори кои сакаат да предаваат или да истражуваат, програми за новинари и невладини организации .
„ Сите кои се заинтересирани да добијат поинакво искуство да стекнат искуство и познав…
Поставување на држачи на стрмните улички во стар град, бараат варошани. Со поставување на држачи би им се олеснило движењето на повозрасните жители. Иако, наизглед станува збор за ситен комунален проблем држачите имаат огромна важнст за нив. Во делови на уличките во Варош и Месокастро веќе има поставено вакви држачи кои го помагаат и олеснуваат движењето.
„ Тешко е за постарите жители да ги совладаат тесните сокаци и улички. Потребна е една иницијатива за поставување на држачи по тесните улички“, ги посочува потребите на жителите Патчев.
Претседателот на УЗ Стар град , Патчев напоменув…