Надлежните институции и инспекциски органи со месеци дозволуваат вандализам во срцето на охридската чаршија при градежните зафати за реконструкција на Али пашината џамија, кажаа на прес конференција од Граѓанското здружение Совест. Тие испратиле дописи до сите надлежни институции за тековните градежни зафати врз објекот кој со месеци ја бранува охридската јавност. Од здружението пред новинарите презентираа контрадикторни решенија и заклучоци на институциите кои меѓусебно само си ги префрлаат одговорностите и се прогласуваат за ненадлежни.
„Документацијата на проектот е за рестарвација и ко…
Ќе се вади потонатиот брод „Мис Стон“. Екипи од ЈП Нискоградба ќе го извадат бродот, ќе ја исцрпат водата со помош на пумпи и ќе го однесат на просторот кој сега го користи Хидробиолошкиот завод.
„За понатамошната негова судбина ќе има соодветна процедура со сопственикот и со сите други надлежни институции кои треба да го решат овај случај“, вели Томе Џамтоски- портпарол на Локланата самоуправа.
Од Локаланата велат дека еднаш за секогаш треба да се најде решение за сите пловни објекти кои се стационирани во каналот посебно за оние кои се веќе руинирани и не се во возна состојба. Сопствени…
Излевањето на нафта од руинираниот брод „Мис Стон“ кој се наоѓаше во каналот Студенчишта нема да остане неказнето. Од страна на надлежниот инспекторaт и Kапетанијата на пристаништата ќе биде покрената соодтвена постапка против сопственикот на бродот, рече капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски.
„Одговорност ќе има според Законот за внатрешна пловидба бидејќи го третираме и делот на загадувањетоОвој брод веќе подолго време стои полупотонат во каналот. Неговите сопственици се некаде во странство. Надлежните инспекциски служби изготвија записник на лице место и ќе биде покренат…
Локалната самоуправа денес иницираше акција за чистење на делот кај охридската болница.Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ утрово спроведоа акција за чистење на делот кај охридската болница.
Овој дел од градот, подолг период наназад претставуваше непријатна слика, но и потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.
Во Охрид ќе започне кампањата „Купувај локално“. Со доаѓањето на туристите во пролетните и летните месеци ќе се поддржуваат охридските локални производители, најавуваат од Секторот за туризам и локален економски развој. Со проектот „Купувај локално“ ќе се доближат производителите до купувачите, кои пак, ќе ги помогнат директно во нивната работа, напоменува Ѓоко Апостолов, од ТЛЕР. Претходно се направени истражувања кои покажале дека посетителите се желни да го запознаат локалното поднебје кое го избрале како дестинација за одмор.
Туристите претпочитаат да користат локална храна, пијалоц…
Прекрасна галерија на торти од охридските вешти домаќинки. Синоќа во хотелот Нова Ривиера во Охрид се одржа 21 та по ред „Тортијада“. Оваа манифестација која што е во организација на здружението на жени „Бисера“, е традиционална и од година во година мајсторијата на професионалките и аматерките се повеќе доаѓа до израз. И оваа година Мирјана Тодоровска наша иселеничка во странство беше покровител на Тортијадата, која обезбеди парични награди за првите три места во категоријата „Професионалки“ и исто толку и за втората категорија „Аматерки“, пренесува претседателката на „Бисера“, Наде Мартин…
Утре, на 1 септември, општинските основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид официјално ќе почнат со настава со физичко присуство за сите ученици.
Различни одделенија ќе влегуваат во училишната зграда во различно време и влез за да нема мешање на ученици од различни паралелки во ходниците. На секој ученик на влезот ќе му биде измерена температура и доколку е повисока од 37, 4 степени тогаш тој ќе биде вратен дома. Истото важи и за вработените во училиштето. Првиот училишен ден е резервиран за запознавање на учениците со протоколот и мерките, да носат маски постојано, како д…
Идниот урбанистички развој на Охрид, во рацете на врвни експерти од Архитектонскиот факултет од Скопје. Општина Охрид, односно првиот човек на градот Јован Стојаноски, со оваа институција потпиша мемеорандум за соработка, ценејќи дека тоа ќе претставува основа за изработка на идната програма за урбанистичкиот развој на Охрид. Тоа подразбира сеопфатна и одржлива програма, појаснува портпаролоот на општина Охрид Томе Џамтоски.
„Се разбира дека стана збор за соработка на повеќе нивоа, за соработка на различни проекти, беше разгледана една идеја, односно изработка на една студија користејќи ги…