Ќе се поведе судска постапка против сопственикот на бродот „Мис Стон“

Бродот, викендов потона во каналот Студенчишта, а од него се излеа нафта што ја загади средината. Во каналот има и други пловни објекти кои се руинирани, не се во возна состојба па ќе се направат напори да бидат дислоцирани од тоа место.

 |   | 

Излевањето на нафта од руинираниот брод „Мис Стон“ кој се наоѓаше во каналот Студенчишта нема да остане неказнето. Од страна на надлежниот инспекторaт и Kапетанијата на пристаништата ќе биде покрената соодтвена постапка против сопственикот на бродот, рече капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски.

„Одговорност ќе има според Законот за внатрешна пловидба бидејќи го третираме и делот на загадувањетоОвој брод веќе подолго време стои полупотонат во каналот. Неговите сопственици се некаде во странство. Надлежните инспекциски служби изготвија записник на лице место и ќе биде покрената соодветна законска постапка“, рече капетанот на Капетанијата на пристаништата, Горан Устијаноски.

Во каналот има и други пловни објекти кои се руинирани, не се во возна состојба и условно преставуваат опасност за животната средина. Такви пловила има вкупно шест и ќе се направат напори да бидат дислоцирани од тоа место.

„Капетанија на пристаништата нема надлежност за да ги дислоцира меѓутоа во соработката со општината ќе побараме од сопствениците на пловилата да ги подигнат во некој определен рок или пак тоа ќе го стори државата а фактурите за подигањето ќе им бидат доставени до сопствениците“, објаснува Устијаноски.

Капетанот кажа дека од бродот Мис Стон се излеале околу 20-30 литри што не е голема количина нафта и не може посериозно да го загрози екосистемот, но сепак е причина за сите институции да бидат алармирани и во иднина да не ни се случуваат вакви инциденти. По излевањето на нафтата вчера покрај претставници на локалната самоуправа и охридската Капетанија, на терен излезе и надлежниот Државен инспектор за животна средина од Охридкој направи вонреден инспекциски надзор. Каналот беше третиран со специјални средства за разградување со цел да се спречат поголеми последици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top