Во охридскиот Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се реализираат курсеви за обуки на сметководители, козметичари, болничари, масери. Се одржува и курс за изучување на германски јазик. Курсевите за масери, козметичари и болничари ги посетуваат по 3 кандидати, а на курсот за сметководство и изучување на германски јазик има 8 -мина кандидати, информира директорката Славица Ристеска.
Со новата програма за 2018 година од Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ќе има конкурси за пријавување на нови кандидати за обуки за споменатите…
Отворено писмо до јавноста од Михаил Трендафилов Нанче, претседател на граѓанското невладино здружение “СОВЕСТ“ од Охрид.
Почитувани читатели, македонски граѓани, македонски институции и дипломатски претставништва на други држави во Република Македонија.
На Македонија многу нешто ѝ фали и на македонскиот граѓанин многу нешто му e по право. Од квалитетот на тукашниот наш живот, до начинот кој како ја гледа Македонија како концепција. Но едно е сигурно, во Македонија никогаш не е здодевно. Сите копнееме и сонуваме во Македонија еднаш да заживееме здодевно, а секојдневно се будиме во нови и …
Недостигот на стручни кадри во угостителството причина за ФТУ заедно со ГИС да спроведат обуки на кои ќе се добијат знаења и искуства како да се подобри ситуацијата во овај сегмент од туристичкото стопанство. Деновиве на овој факултет се врши интензивна едукација на педесеттина кандидати кои сакаат да бидат истакнати во својата професија. Обуките се дел од проектот Промоција на вработувањето во туристичкиот сектор кој е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000евра, а ФТУ се јавува како организатор на обуките. Тие првично беа споредени во шарскиот регион а беа намен…
Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја нудат и кои сакаат да ги вовле…
Најмладиот маратонец и пливачки гениј од Охрид, Марко Пејчиноски кој боледува од ретка болест односно има Perthes Disease на левиот колк од ногата на 4 Септември годинава во водите на Охридското Езеро ќе преплива соло пливачки маратон за ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ.
Од организациониот одбор на настанот информираат дека на самиот ден на случувањето од 12 часот на штанд кај Градското пристаниште ќе се продаваат изработени маички за поддршка на Марко со слоганот “NEVER GIVE UP”.
Овој е трет подвиг на Марко во оваа сезона. Марко е најмладиот маратонец кој на 12 годишна возраст на 28.08.2018 г. …
ЈП „Охридски Комуналец“ е првата адреса за поплаки на граѓаните околу проблемот со кучињата скитници. Директорот на ова претпријатие Љупчо Грданоски, смета дека потребно е што поскоро да се изнајде соодветното решение за овој горлив проблем, но и поголем и посериозен ангажман на сите релевантни институции. Грданоски вели дека тие веќе почнале да се подготвуваат за преземање активности во врска со кучињата скитници.
„Комбето за заловување сеуште постои во ЈП со тоа што не е во исправна состојба. Даден е веднаш налог до раководителите на Р.Е. Механизација да се стави во функција но околу про…
Нова театарска зграда е повеќе од потребна во туристичкиот бисер. Инфраструктурните подобрувања во постоечките објекти каде се одвива драмската уметност мора да биде приоритет на Министерството за култура, посебно за Охрид, смета Стрезо Стаматовски актуелниот директор на ЦК „Григор Прличев“.
„ Официјалниот став на министерството досега е дека не е блокирана туку дека е паузирана работата во однос на инфраструктурата, подобрување во Охрид, за реконструкција на постоечката зграда, временски не можама да ви кажам до кога. Освен 2-3 театри во Скопје кои што се привилегирани да работат на 25 ст…
Купишта отпад се трупаат на дел од патот во населба Бејбунар, Охрид на ул. АСНОМ и ул „Јордан Мијалков“. Откако патот што води до 110 ката остана само тампониран, а неасфалтиран, секојдневно, несовесни граѓани фрлаат секакво ѓубре, градежен шут и отпад.
Во оваа населба каде што за краток временски период никнаа повеќе комплекси на станбени објекти, секоја уличка си има своја депонија, наместо уредно асфалтиран пристапен пат до влезовите на зградите. Жителите на овој потег ги повикуваат надлежните да реагираат час поскоро и сметаат дека создавањето на една ваквите диви депонии се опасни за …