Дек 19, 2017

Одлуката за стопирање на проектот за Алипашината џамија со позитивни коментари

Почна да се одмотува клопчето околу решавањето на прашањето за спорната реконструкција на Алипашината џамија во Охрид. Изјавата на министерот за култура Алаѓозовски, кој неодамна најави стопирање на проектот, за нас како здружение „Совест“ претставува голема сатисфакција , истакна Михаил Трендафилов Нанче, дополнувајќи дека добро е што работата тргна од ресорното министерство. „Докажавме на некој начин на сите кои не веруваа и ни викаа дека не можете ништо да постигнете, дека сепак со упорност и работа може да успее и да се дојде до некое решение.. Не плаши тоа што бевме разочарани од рабо…

Сеп 2, 2021

Денес во Охрид сончево со температура до 25 степени

Времето денеска во Охрид сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени. Во петок и сабота ќе се задржи стабилно време со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник – информираат од УХМР. 

Дек 19, 2017

Звучни имиња на естрадни уметници носат голем број на гости, сметаат туристичките агенции

Прославите на плоштадите и добро украсените градови, отсекогаш се смета дека привлекуваат поголем број туристи посебно за Новогодишните празници. Туристичкиот бисер Охрид, деновиве блесна во ново, празнично руво. Но градот доцни со конципирање на новогодишната програма која треба да ја понуди пред бројните туристи, забележуваат туристичките работници. Хотелиерите сметаат дека Локалната валст треба да дефинира каква прослава сака, бидејќи сепак станува збор на најголемиот туристички центар во земјава. „Кога станува збор за Нова Година треба и тоа како многу дополнителни содржини кој што би …

Дек 18, 2017

„Румор“ го слави првиот роденден

На 17-ти декември, пред една година, во Охрид со работа започна концептуалната продавница „Румор“, која ја донесе високата мода кај нас. Единствениот мултибренд во регионот кој ги следи светските трендови, за краток период успешно се етаблираше на модната сцена, наметнувајќи стандарди на квалитет за кои надалеку се слуша. Покрај по уникатните парчиња облека дизајнирани од планетарно познати модни креатори, клиентите го препознаваат и сакаат новиот македонски бренд „Румор“ и по истоимената модна линија, создадена со многу љубов и желба конечно да се понуди квалитет за ексклузивна цена, горд…

Дек 18, 2017

Започна сечењето на исушените палми

Од ЈП „Охридски комуналец“ започнаа да ги одстрануваат исушените палмини дрвца. Засега се исечени десетина стебла на неколку локации. Одстранети се палмите на охридскиот кеј и в долж пешачката патека Студенчишта. За палмите да бидат одстранети се чекаше да биде формирана општинската Комисија за сечење дрва за да се добие налог за нивно одстранување. По направената проценка од стручните лица треба да се исечат и одкорнат околу 70 -тина стебла од посадените 100-тина палми. Од ЈП Комуналец информираат дека нови садници ќе бидат засадени напролет. Се размислува за неклку варијанти садници меѓ…

Дек 18, 2017

Охриѓани ќе почекаат за изградба на театар

Охриѓани ќе почекаат за изградба на театар. За идната година Владата за култура издвои 4 милјарди 268 милиони и 497 илјади денари, односно 69 милиони и 406 илјади евра што споредено со лани, тоа е зголемување за 4,48 отсто. Но по се изгледа во нив не се предвидени средства за изградба на Охридскиот театар. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски викендов во рамки на неговата работна посета на културните институции во охридско – струшкиот регион во изјава за медиумите нагласи дека приоритет на министерството ќе биде надминување на проблемите со кои се соочуваат театрите и домовите за култур…

Дек 18, 2017

Новогодишна магија во дворот на Гигерови

Новогодишна магија во дворот на Гигерови. И годинава семјното катче на брачниот пар Иванка и Бруно е како да живеете во вистинска бајка. Без разлика на годините, генерациите, начинот на живот и статус сите подеднакво се радуваме на моментите кога подаруваме и кога примаме подароци, а најмногу кога украсуваме за Нова Година, кој настан сам по себе ја носи магијата на среќата и празнувањето. Иванка Гигер, и годинава ја продолжува семејната традиција за новогодишно украсување на нејзиниот дом која ја започнала од Швајцарија. Заедно со нејзиниот сопруг Бруно, неуморно неколку дена изработуваат …

Дек 16, 2017

Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади

Сe поголем е бројот на граѓани кои биле нападнати или каснати од куче, а има и такви кои фатално завршиле. Ова било причина Ефто Стојаноски-дресер на кучиња од Охрид да изготви Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади која денес беше презентирана пред охриѓани. Пред две години тој издал и книга на оваа тема, но институциите останале глуви на проблемот кој е се поевидентен. Стојаноски вели дека има начини како да се спречи оваа појава, а при тоа да не бидат загрозени кучињата, а граѓаните да бидат заштитени. Причини за вакво агресивно однесување на кучињата има повеќе. Главна…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top