Јан 1, 2018

Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид

Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски. После 2017та која беше конфузна година, година на формирање на нова влада, локални избори, оваа година треба да биде помирна и постабилна, додава градоначалникот. Тој како прв човек на градов заедно со општинската администрација имаат цел да го направат Охрид поубаво место за живеење. Се надевам дека 2018та ќе ја поминиме онака како што планираме ние како нова локална самоуправа, а тоа е со правилно буџетско планирање, правилни буџетски програми и транспарентно работење. Веќе кон септември-октом…

Јан 1, 2018

Мирна новогодишна ноќ

Новогодишната ноќ мина мирно, без никакви инциденти, велат од СВР Охрид. Оваа информација ги радува сите бидејќи за празнициве во градов има многу домашни, но и странски гости, па можноста за инциденти е многу поголема од вообичаено. На безбедносен план новогодишната ноќ во Охрид помина беспрекорно. Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и не се евидентирани сообраќајни незгоди. Нашите службеници практично и да немаа работа оваа ноќ бидејќи се беше мирно, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Но, и покрај информациите од СВР Охрид дека новогодишната ноќ во Охрид …

Јан 1, 2018

Незаборавен дочек на Новата година и на градскиот плоштад во Охрид

Охридскиот плоштад беше преполн со гости кои Новата 2018 година ја дочекаа на отворено. Забележливи беа многу весели и распеани лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Охрид беше преполн со туристи кои допатуваа за новогодишниот дочек од околните земји, а најбројни беа гостите од соседна Србија. Градот блескаше во својата магична новогодишна декорација и кај присутните влеваше надеж и оптимизам за подобра и посреќна 2018-та година. Од градскиот плоштад се обрати градоначалникот Јован Стојаноски од каде упати желби за многу здравје, успех и благосостојба во Новата 2018 година. „…

Дек 30, 2021

Во приватните апартмани има поголем интерес за сместување за Нова година

За Новогодишните празници поголем интерес за сместување има во приватните апартмани. За разлика од хотелските капацитети каде годинава резервациите се движат од 20 до 30% во приватното сместување во Охрид букингот се движи од 60 до 70 % од капацитетите. Најголем дел од резервациите се од страна на домашни гости, а помалку од регионот и тоа од Србија и Бугарија. Впрочем и интересот на туристите е значително намален последните две недели со оглед на ситуацијата која се разви поради новиот сој на вирусот. Се надеваме дека се ќе помина во најдобар ред меѓутоа мислам дека празниците нема да г…

Јан 1, 2018

Во Охрид дочекот на новогодишна ноќ протече мирно

Дочекот на најлудата ноќ во Охрид протече мирно. За среќа не се забележани сериозни повреди од сообраќајни несреќи или тепачки. Од хируршкото одделение при Општа болница Охрид информираат дека дежурната медицинска екипа во текот на ноќта имала две интервенции. Тимот на чело со дежурниот лекар интревенирале кај паценти повредени во две одделни тепачки, од кои едната повреда била од нож. Охриѓани и гостите биле умерени во јадење и пиење според информацијата од службата за итна медициска помош. д-р Ана Неделкоска, раководител на Службата за итна медицинска помош, информира дека дежурните лека…

Сеп 3, 2021

Охрид меѓу градовите со висок опфат на вакцинација

Охрид е меѓу градовите со висок опфат на вакцинација во Република Македонија, со 8 починати лица на 59,3 % вакцинирано население.  Смртноста на пациенти со Covid-19 е драстично поголема во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани. Во градовите кадешто процентот на опфат со вакцинација е поголем, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19% опфат на вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август – објави минис…

Дек 30, 2017

Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид

Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид. Денес во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, за прв пат се одржа една поинаква трка во која учество зедоа повеќе од триесет Дедомразовци. Најдобар меѓу нив беше Христијан Јованоски кој си доби подарок таблет компјутер. „Сакам да го поздравам овој навистина убав настан кој се одржува во нашиот град. Јас имам 18 години и на трката ме пријави мојата мајка. Сакам да ги поздравам одговорните во општината и град Охрид и порачувам овој настан да продолжи и во иднина“ Стартот беше од пред хотелот City Palace па се до градскиот …

Дек 30, 2017

После 5 и пол години, вработените на МЈП Проаква ќе имаат здравствено осигурување

Редовна плата и придонеси за МЈП Проаква е главен приоритет за 2018 на директорот на ова претпријатие Владимир Алексиоски. Директорот вели дека жалосно е што неколку години имиџот на претпријатието е под потребното ниво. Алексиоски ветува дека со добро менаџирање претпријатието ќе го донесе на здрави нозе а проблемите со кои се соочува претприајтието еднаш засекогаш ќе заминат во историјата. „Жалосно е кога ќе се каже дека вработени сме во Водовод а немаме плата. Првиот приоритет со самото добивање на функција е да успееме да ги стигниме заостанатите плати, односно да успееме и ние како си…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top