Јан 5, 2018

Проектот за изградба на марина, сеуште само на хартија

Години наназад се дискутира дека во главниот туристички центар неопходна е изградба на марина. Моменталното паркиралиште на пловните објекти е каналот Студенчишта, каде се вкотвени пловила кои никогаш и не запловиле во Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништата на РМ, Горан Устијаноски, има своја визија што треба да се направи за градот конечно да добие современа марина онака како што доликува на Балканскиот Ерусалим. „Марина треба да има. Треба да се изградат краците на охридското пристаниште, тоа е една од сугестиите и нормално прилагодување на дел од каналот Студенчишта …

Јан 4, 2018

Семејството Арнаудови доделува приватна стипендија за охридските студенти на медицина

Семејството Арнаудови парично ќе ги наградува охридските студенти по медицина кои покажале врвни резултати по предметот анатомија. Охридскиот студент Виктор Трпчески е првиот добитник на оваа приватна стипендија. Идејата на семејството Арнаудови е да ги поддржи охридските студенти по медицина без разлика на кој универзитет студираат. Михајло Арнаудов кажува од каде потекнува идејата за доделување на стипендијата и се навраќа на споменот на неговиот дедо од далечната 1923 година. Раскажува дека неговиот дедо Благој заминал на студии по медицина на престижниот минхенски универзитет Лудвиг Мак…

Јан 4, 2018

Божиноски: Со молк се признава вината

Брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал, стана одлика на СДС и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски рече дека молкот од СДСМ во однос на јавно поставените прашања од ВМРО – ДПМНЕ е само признавање на вината. „Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вонсила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е должен да донесе решение за з…

Јан 3, 2018

Јованоска: Развојот на спортот во градов е мојот главен приоритет

Развојот на спортот во градов е основен приоритет на директорката на СРЦ „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. Нејзиниот впечаток е дека последниве години младите се повеќе се присутни на спортските терени. Поради тоа, таа смета дека треба да се овозможат услови за секој спортист да може да го тренира она што го сака. „Освен фудбалот, ракометот и кошарката имаме мала сала во која што имаме вештачка карпа на која може да се развива алпинизмот и тоа сега во моментов го прават активистите од Црвениот крст, имаме клуб за Теквондо и останатите боречки вештини и најново откако јас дојдов на функ…

Јан 3, 2018

Питачењето како проблем може да се надмине

Околу 2000 деца низ градовите во Македонија питачат низ улиците, за да се прехранат. Главниот проблем за питачењето е исклучувањето на децата од училиште, посочува основачот и директорот на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац. Тој смета дека Министерствата за образование и за труд и социјална политика, мораат да најдат механизми, на овие деца да им дадат одредени бенефиции, како би можеле и тие да одат во градинка, уште од нивната трета година, со цел да стекнат правилни животни навики и вештини. „Министерството за труд и социјална политика колку што сум информиран са…

Јан 3, 2018

Охридскиот новинар Милчо Јованоски ја доби наградата Најдобар новинар за 2017 година

Охридскиот новинар Милчо Јованоски е добитник на наградата Најдобар новинар за 2017 година. Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, од Скопје, му го врачи ова признание на 27 декември, на годишната прослава на Европскиот институт во Скопје. За наградата Јованоски вели дека било изненадување кое не го очекувал, а драго му е што тоа е доказ дека сепак, некој го цени новинарскиот труд. Милчо Јованоски зад себе има долг стаж со кој го печел новинарскиот занает. За наградата ќе рече дека се должи на неговиот целокупен новинарски ангажман во изминативе 35 години. „Се должи на моја…

Јан 12, 2022

49 новозаболени од ковид-19 во Охрид, 12 во Струга

49 нови случаи на Ковид во Охрид и 12 во Струга во денешната статистика од Министерството за здравство. Во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД 19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 173 реинфекции. Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од кои 43 во Охрид и 5 во Струга.  Во земјава бројот на активни случаи е 13.478 лица.

Јан 3, 2018

Мерко:Рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион

Центарот на југозападен плански регион работи 10 -тина години и со Стратегијата за рамномерен развој до 2019 година се предвидува да се зголемуваат средствата за планските региони, информира Рамиз Мерко претседател на југозападниот плански регион. Годинава, тоа ќе биде приоритет за струшкиот градоначалник кој е на чело и на овој плански регион. „Законот за рамномерен регионален развој е со европско знаме. Европа е заинтересирана да се унапреди и имплементира Законот. Тоа е 1 процент од бруто домашниот прозивод, некаде од 80 до 100 милиони денари годишно да се делат на регионите за да има р…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top