Јан 22, 2018

„ Завој, корени, стебла и обичаи“ е монографија за народното битие од охридското село

Промовирана монографијата „ Завој , корени, стебла и обичаи“ од авторот Ѓорги Трпчески. Делото содржи етнолошки податоци за охридското село и за неговите жители. Завој е оддалечено на 22 км од градот и е сместено на падините на планината Бигла на 1000 метри надморска висина. Авторот Ѓорѓи Трпчески на страниците од книгата од заборав ги зачувал истриските податоци за селото, родовите стебла на околу 30 -тина завојчани до 6 колено, но и дел од богата традиција на жителите од ова планинско село. „За обичаите , верските празници кои ги имало во селото, но и видни личности кои потекнуваат од сел…

Јан 20, 2018

Охрид го одбележа денот на рибарите

Денес се слави втор ден Водици или Соборот на Свети Јован Крстител, а во Охрид овој ден е познат и како Денот на рибарите. По тој повод на Сараиште беше подготвена традиционалната рибна чорба. Манифестацијата Денот на рибарите привлече голем број посетители на Сараиште. Градоначалникот Јован Стојаноски беше меѓу охриѓани и гостите кои не ги попречи облачното време и дождот да ја вкусат рибната чорба. Стојаноски упати порака уште многу години граѓаните да го слават празникот на пригоден начин како што доликува покрај Охридското Езеро. „ Издржа и времето 30 дена и со целокупната програма од …

Мар 2, 2022

Претставен планот за воспоставување на Касарна Хаб

Касарна хаб во следните 2 години ќе биде местото на кое ќе се развиваат иновативни идеи за бизниси преку едукации, менторство, контакти со инвеститори. Општина Охрид и Стелар Солушнс денеска го претставија планот за воспоставување на овој стартап центар во објект во поранешната касарна во Охрид. Охрид е град со индустриска или инженерска традиција и тука е задржана културата на луѓето да ја избираат таа струка и да се насочат кон ИКТ секторот ( информатички и комуникациски технологии). Покрај тоа што првенствено хабот ќе им понуди помош и поддршка на лицата од тој сектор, на локалната заедн…

Јан 20, 2018

Филипче: Ќе продолжи изградбата на новата болничка зграда во болницата „Св Еразмо“

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Тој оствари средба со раководството на оваа Установа, на која станало збор за фазата на изградба на новата реконструирана зграда во однос како ќе се продолжи понатака, за потребата на лекари и нивната едукација, за зголемување на услугите кои што во моментов се даваат, како и за воведување на нови услуги за пациентите. „За време на овој состанок ги разгледавме сите моменти кои што влијаат на продолжување на изградбата и разговаравме за најдобриот начин и …

Сеп 3, 2021

Ќе се реконструира улицата „Македонски Просветители“

Општина Охрид во соработка со Министерството за транспорт и врски наскоро започнува со реализација на уште еден важен инфраструктурен проект. Се работи за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек на плоштадот. За таа цел градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска потпишаа Договор за имплементација на проектот за реконструкција на улицата. Оваа инвестиција ќе се реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” со финансиска поддршка од Светс…

Јан 19, 2018

Екипите на Црвен Крст-Охрид на висина на задачата на Водици

Спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст денеска беа на висина на задачата во поглед на безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици. Тие имаа полни раце работа. Успешно биле изведени 4 интервенции на извлекување премрзнати капачи од водите на езерото. Две од извлечените лица биле со сериозна хипотермија при што добиле медицинска помош во шаторите на црвениот крст.   На традиционалната крводарителска акција „Водици 2018“ под мотото „Една капка може да промени се“ која се реализираше во Центарот за култура „Григор Прличев“биле с…

Јан 19, 2018

По осми пат групно крштевање на Сараиште

Денес на Сараиште, по осми пат се изврши светиот чин на групно покрстување. Марина, Васко , Денис, Џулијана и Валентина денес ја примија тајната на светото крштение. Сите кои беа крстени во езерските води, со различни приказни за тоа како останале некрстени до сега. Меѓу нив беше и стружанецот Денис . „Големо е задоволство на овој ден кога се крштева Исус Христос, да се пристапам и јас кон овој свет чин и ми причинува задоволство“. Светата тајна “Крштение” е прва и основна тајна која што се прима, за да може секој човек да влезе во членството на светата Христова црква и да ги прими и оста…

Јан 19, 2018

„Зегин“ и оваа година ја подржа манифестацијата Богојавление- Водици

„Зегин“, најголемиот фармацевтски бренд во Македонја и оваа година ја подржа најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Таа како општествено одговорна компанија веќе 29 години ширум Македонија се јавува како донатор. Годинава „Зегин“ донираше околу 5000 маици, 30 телевизори 35 таблети и 10 лап топ компјутери низ цела Македонија. Ние како компанија секогаш донираме за потребите на општеството па годинава организираввме и хуманитарен караван на кој беа доделени преки 100 пакетчиња за дечињата со посебни потреби, рече Марина Бебекоска, регионален директор на „Зегин“. Од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top