Се запали куќа во Месокастро, во центарот на градот. Едно лице со возило на Итната медицинска помош веднаш било пренесено во Општа болница Охрид, поради вдишан чад и изгореници со кои се здобил обидувајќи се да го гасне пожарот.Др Милчо Стефановски, од хируршкото одделение за ТВМ информира дека лицето на 63 годишна возраст е во стабилна состојба. Бил примен во состојба на шок со изгореници на главата, лицето , градниот кош и рацете. Му била дадена соодветна терапија и ќе биде задржан за понатамошни испитувања. Пожарот го пријавиле соседите. Поради специфичноста на тесните варошки улици вози…
Денеска во Струга се одржа средба со градоначалниците од Југозападниот плански регион, посветена на можностите за поголема искористеност на европските фондови за реализација на проекти на локално и регионално ниво. Деветте општини од југозападниот плански регион досега од 2014 до 2020 искористиле околу 10% од расположливите средства од ЕУ наменети за Македонија. Додека пак од 2007 до 2013 искористеноста на средствата од европските фондови била околу 40, посочува Стојан Савески од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
„Во овој нов програмски период до 2014 – 2020 година на Реп…
Во Охрид се зголемува број на заболени од грип. Во третата недела од месец јануари имало само 15, а во четвртата бројката двојно се зголемила на 38. Заболените се на возраст од 15 до 59 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип.
Испратени се анализи, брисеви од грло и нос од пациенти со клиничка слика на грип меѓутоа резултатите сеуште не се готови. Испратени се во институт за Јавно здравје во Скопје, вели Д-р Јованка Стурлакова-Епидемиолог.
Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани процед…
Истече рокот за владата даден од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за да поднесе извештај за напредокот во имплементацијата на препораките дадени во јуни мината година во Краков. До 1 февруари земјава требаше да постапи по препоркаите за да не се дозволи единственото заштитено добро под УНЕСКО да се стави на листата на Светско наследство во опасност што би можело да води до целосно бришење од листата на УНЕСКО. Меѓу препораките на реактивната мониторинг мисија беше трајно отфлање на планот за ски центар и експресен пат А3 во Националниот парк Галичица. Земјава побарала од Комитетот …
Од неодамна општинската администрација работи според нова реорганизација со одлука на седница на Совет од месец декември. Со таа одлука од 12 сектори сега се работи во 9 , а се формирани 4 одделенија. Со тоа се обидуваме да направиме поефикасна општинска администрација и концентрација на човечките ресурси во интерес на граѓаните , информира Томе Џамтоски портпарол на ЛС.
„ Не се укинати туку е направено спојување на одредени сектори. На пример како посебен сектор за заштита на животната средина сега е одделение во Секторот за урбанизам, такви се две спојувања. Направени се 9 сектори и 4 за…
Триесеттина градежни работници, ангажирани од скопската компанија „Бауер“ која работи на затворениот пливачки базен во Охрид денеска излегоа на штрајк, незадоволни што компанијата не им исплатитла две плати, регрес и хранарина. Уште од вчера тие ги бојкотира редовните активности, бидејќи компанијата не го исполнила ветувањето дека ќе им ги исплатат платите пред новогодишните и божиќни празници.
„Плати немаме, регрес не… не лажеа дека ќе имаме регрес и дека најдоцна до 31 јануари ќе ни биде исплатен, а сега ни велат дека нема односно дека не ни следува“.
Работниците се жалат и на некорек…
Продолжуваат бројните активности за зголемување на видливоста и помош на лицата со ретки болести. Се’ побројни се Амбасадорите на овие лица, кои преку своите дела го свртуваат вниманието на јавноста за нивните потреби и потребата од гласност и апелирање до релевантните институции за брза идентификација, правилно дијагностицирање и соодветно лекување.
Младиот охридски херој – пливачот Марко Пејчиноски, денеска повторно пливаше во водите на Охридското Езеро, овојпат во знак на поддршка на Децата со ретки болести.
Под мотото „Весламе за ретките“, по втор пат, струшките кајакари, ентузијаст…
Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам. Моментално на терените на СРЦ „Билјанини извори“ тренираат 11 фудбалски екипи од земјава и околните држави. Подготовките се веќе на средина, а поради поволните временски услови започнале порано од вообичаеното.
Охрид како град можи да нуди многу во однос на зимските подготовки и за развој на спртскиот туризам. Потребна е работа, нам како јавно претпријатие ни треба да ги подобриме условиоте, да направиме уште еден терен со природна трева, Гордана Јованоска- директорка на ЈП „Билјанини извори“.
Македонските екипи покрај што доаѓаат на…