Фев 6, 2018

Прличева визита

Охриѓани го чествуваат делото и името на вториот Хомер, Григор Прличев. Денес во неговата родна куќа се одржа познатата прличева визита. Градоначалникот Јован Стојаноски во обраќањето пред присутните меѓу кои имаше и потомци на Прличеви рече дека Григор Прличев е вонвременски охриѓанец, гордост на градот. Дека тој бил и ќе остане човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја и придонеаол за национално будење. Стојаноски кажа дека културното шестдецениското институционално чествување на македонскиот литературен великан, …

Фев 6, 2018

УНЕСКО треба да даде мислење дали она што се прави на Али пашината џамија

Министерството за култура ќе бара проценка и мислење од УНЕСКО дали она што се прави на Али пашината џамија во Охрид е во согласност со светските практики. Од министерството ќе уптата прашање до УНЕСКО дали организацијата за заштита на светското наследство оправдува реконструкција на објект во неговите оригинални димензии. Она на што во следниот период ќе инсистираме е да не се создаде ситуација да тоа минаре се изгради, а без да побараме претходно мислење од УНЕСКО, а потоа и политички договор, вели Роберт Алаѓозоски- министер за култура . Неодамна Министерството за култура формира петчл…

Фев 6, 2018

На Прличевите беседи, промовирана книгата „Сага за Охрид“

На Прличевите беседи, настан кој се случува во рамките на одбележувањето на 125 годинишнината од смртта на нашиот преродбеник и поет од 19 век Григор Прличев, беше промовирана книгата „Сага за Охрид“, од авторот Валентина Нелоска. Чест е да се биде дел на една од најзначајните манифестации на град Охрид, но и на цела Македонија, вели авторот. Неловска со нескриени емоции кажува дека инспирацијата за книгата ја црпи од нејзината неизмерна љубов кон Охрид, со сеуште свежи спомени онаков каков што таа го познава од нејзиното детството поминато во близина на хотел Палас, па се до ден денес. „Н…

Сеп 5, 2021

По бурните реакции на јавноста, Георгиески на терен во врска со пожарот на Галичица

Поради пожарот кој е активен неколку дена на непристапен потег на планината “Галичица”, градоначалникот, Константин Георгиески денеска, рано изутрина беше на терен заедно со претставници од НП “Галичица” и екипа од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Градоначалникот Георгиески уште на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух. Во пожарот е зафатен шумски потег на непристапен предел и во моментот нема опас…

Фев 5, 2018

Под налет на силниот ветер викендов се скрши дрво во дворот на црквата Св. Софија

Жители од УЗ Стар град апелираат високите дрва во дворот на црквата Св Софија да се одстранат и да се засадат соодветни стеблa на тој простор. Јакиот ветер, кој го зафати Охрид викендов сруши бор. Дел од крошната падна врз кровот од куќа којa се наоѓа во близина на катедралната црква и само голема среќа е што нема повредени минувачи, реагираат жители од овој дел на Варош. „ Укажувавме дека такви високи дрва , нестабилни и кршливи нема потреба да се садат во двор заради тоа што можат да направат проблем. Таквите укажувања од пред месец и половина се остварија и среќа се заврши без повреди“,…

Фев 5, 2018

Гордана Стојаноска со поемата „Клучевите“ е лауреатот на наградата „ Григор Прличев“ за 2017

Гордана Стојаноска со поемата „Клучевите“ е лауреат на наградата „Григор Прличев“ за 2017 година. Почестена сум со ова високо книжевно признание и како човек и како автор. Мотивацијата за поемата произлезе од состојбата во која се наоѓа човекот во модерниот свет. Постојано изложен на притисоци , бомбардиран претежно со негативни информации за војни, несреќи, жртви, истакна д-р доцент Стојаноска на свеченоста по повод врачувањето на наградата „Григор Прличев“. „ Поемата ги става на вага сите универзални вредности, како што се верата , љубовта, надежта, храброста, љубопитноста, желбата за пр…

Фев 5, 2018

Охридскиот регион претрпе големи штети од обилните врнежи

Десеттина граѓани денес ги пријавиле штетите од вчерашните поплави. Уште вчера во утринските часови од повеќе населени места во градов и околината имало голем број јавувања од граѓани кои претрпеле штети од обилните врнежи кои го зафатија регионов во изминатите денови. Се јавиле од Опеница, Косел, Долно, Горно Лакочереј, Орман улица Железничка, Дејан Војвода. Од првичните проценки оштетувања ќе има на 445 00 метри квадратни или околу 40 до 50 хектари. Најкритично е во село Орман каде се поплавени стамбени објекти и многу земјоделски површини со раноградинарски култури. Ако беа исчистени ка…

Фев 3, 2018

Расте бројот на заболени од Алцхајмерова деменција

Се поголем е бројот на лица кои имаат алцхајмерова болест или деменција. Причини за тоа има повеќе, а најчесто е стресниот живот и емоционалните проблеми на граѓаните како и нездравиот начин на живеење. Д-р Драган Илиевски, претседателот на Здружението за Алцхајмерова болест вели дека таа е една од најстрашните болести која се уште не е доволно проучена и за која современата медицина нема пронајдено конкретен лек. Поради тоа денес во Струга и Охрид се одржа бесплатно предавање „Превенција и рана дијагностика на Алцхајмеровата болест-деменција“. Најважна е превенцијата. После 55 година се з…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top