УНЕСКО треба да даде мислење дали она што се прави на Али пашината џамија

УНЕСКО треба да даде мислење дали она што се прави на Али пашината џамија во Охрид е во согласност со светските практики и дали е дозволена реконструкција на објект во неговите оригинални димензии. Од Министерството за култура кажаа дека кривичните пријави кои Здружението „Совест“ најави дека ќе ги поднесе не се упатени до нив и за нив треба да се произнесе обвинителството.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Министерството за култура ќе бара проценка и мислење од УНЕСКО дали она што се прави на Али пашината џамија во Охрид е во согласност со светските практики. Од министерството ќе уптата прашање до УНЕСКО дали организацијата за заштита на светското наследство оправдува реконструкција на објект во неговите оригинални димензии.

Она на што во следниот период ќе инсистираме е да не се создаде ситуација да тоа минаре се изгради, а без да побараме претходно мислење од УНЕСКО, а потоа и политички договор, вели Роберт Алаѓозоски- министер за култура .

Неодамна Министерството за култура формира петчлена комисија која излегла на терен. Комисијата утврди дека во однос на постапките и процедурите за кои е надлежно министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство на Али пашината џамија не постои процедура која е прекршена, односно не постои основ за запирање на

Јас ги охрабрувам останатите институции како што се судството и обвинителството доколку сметаат дека има повреда на законот или постапки во нивна надлежност така да постапат, вели министерот.

Инаку, Здружението „Совест“ изкажаа незадоволство поради тоа што актуелниот Министер за култура, Роберт Алаѓозовски, и покрај јавно дадениот збор, дека министерствто ќе ги прекине градежните работи, до овој момент ништо не презело. Од таму најавија дека ќе поднесат соодветни кривични пријави и дека ќе се побара решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно–инспекциска акција за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија. Алаѓозовски пак кажа дека кривичните пријави на Здружението „Совест“ не се упатени до Министерството за култура и за нив треба да се произнесе обвинителството. Од „Совест“ за утре најавија прес конференција на која ќе изнесат нови детали во однос на активностите на џамијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top