НУ библиотека „Григор Прличев“ до налето ќе се пресели во новите простории. Со тоа ќе се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште во 2013та а со која просториите каде беше сместена НУ Фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест. Постапката која започна пред пет години се оддолжи поради немањето доволно срества за дозавршување на работите. Во првата фаза од овој проект беа направени погрубите градежни работи како малтерај, поставување изолација, менување на подот, а во втората фаза се уредуваше внатрешниот дел. Во 2016та година беше распиш…
Граѓани реагираат во рубриката „Ти си твојот град“ на ископана пешачка и велосипедска патека на Булевар Туристичка на потегот покрај СРЦ „Билјанини извори“. Напоменуваат дека во многу лоша состојба се тротоарите од двете страни на Булеварот по кој секојдневно поминуваат голем број граѓани кои се рекреираат пешачејќи или со велопсипед.
20 години од кога знам за себе, бекатонот фалит. Место пред бензиската Билјанини извори ( правец Охрид-Пештани) и едната и другата страна се катастрофа – пишува граѓанин кој испрати фотографии во рубриката ТиСиТвојотГрад.
Велосипедската патека, пак, од…
Денеска во Тирана во рамките на Дримскиот процес, работната група за Мониторинг и размена на информации составена од официјални преставници на 5-те држави од Дримскиот басен, почна со разгледување и усвојување на сет мерки и студии за воспоставување на заеднички Систем за управување со информации (Information Management System- IMS) . Овој систем треба да овозможи државите во Дримскиот Басен да разменуваат податоци во прифатлива архитектура и рамка.-Влегуваме во фаза на донесување на одлуки и препораки. Размената на податоци помеѓу државите е круцијален дел од управувањето со целиот Дримс…
Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се соочуваат семејствата на лицата со…
Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема. Вчера во големата општинска сала претставниците од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која беа отворени повеќе прашања од угостителската проблематика, посебно во делот на надоместокот за поставување на урбаната опрема. Градоначалникот истакна дека оваа средба можеби требало да се случи порано, со цел да се избегнат сите недоразбирања, додавајќи дека на истата се постигнало доближување до ставовите со еснафот.
„До…
Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, изминативе 4 дена беше под мониторинг од експертска група на Меѓународната Унија на интернационални водичи во планина. Тие вршеа увид врз работењето на македонската асоцијација, а истовремено биле присутни за време на спроведувањето на обуката со новата генерација кандидати за водичи на планина што се одржа на Шар Планина, како што појасни претседателот Константин Циривири. Тој кажа кои се очекувањата од оваа посета.
„Тие ќе дадат свое објаснување за организацијата за професијата интернационален водич во планина и значењето што…
Каква ќе биде судбината на информативниот центар пред охридската пошта не се знае.Од Секторот за туризам и локален економски развој немаат конкретен одговор како и дали на таа локација ќе профункционира инфо центарот поставен во ноември 2016. Од тој период до денес не е ставен во функција информативниот центар кој требаше да биде од помош на туристите за да добиваат информации од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани. Додека се бара начин како да се користи инфо центарот во јавноста се прошири вест дека инфо центарот ќе …
Намалување на количините на храна која се фрла и нејзина поголема достапност до потрошувачите е новата платформа „Храна за сите“ , која наскоро ќе почне да се спроведува. Македонските угостителски објекти не се исклучок од светскиот тренд на фрлање храна. Рестораните приготвуваат многу повеќе храна, отколку што се продава, а таа не е достапна за многу луѓе. Доколку храната не успее да се продаде во моментот по нејзината цена, често се фрла, наместо да се продаде за пониска цена или да се донира. Една од причините за оваа појава е што не постои организиран пазар на храна каде ќе се разменув…