„ Храна за сите“ е нова платформа која ќе ги поврзе угостителите и потрошувачите

„ Храна за сите“ е нова платформа која ќе ги поврзе угостителите и потрошувачите. Целта е угостителите да не фрлаат  храна, да се заштедат ресурси, а воедно повеќе потрошувачи да имаат храна по намалени цени или со донација. Оваа платформата ќе стартува од 10 март, а во неа ќе бидат вклучени и охридските угостители.

 |  Валентина Неловска  | 

Намалување на количините на храна која се фрла и нејзина поголема достапност до потрошувачите е новата платформа „Храна за сите“ , која наскоро ќе почне да се спроведува. Македонските угостителски објекти не се исклучок од светскиот тренд на фрлање храна. Рестораните приготвуваат многу повеќе храна, отколку што се продава, а таа не е достапна за многу луѓе. Доколку храната не успее да се продаде во моментот по нејзината цена, често се фрла, наместо да се продаде за пониска цена или да се донира. Една од причините за оваа појава  е што не постои организиран пазар на храна каде ќе се разменуваат информации помеѓу угостителските објекти, потрошувачите и невладините организации. Платформата „Храна за сите“ ги повикува угостителските објекти да се вклучат во нивната мрежа. Тие ќе овозможат евидентирање на објекти кои во моментот располагаат со храна која што би ја понудиле по пониска цена или пак храна наменета за донирање, а од друга страна потрошувачите ќе добијат информација за храна со пониски цени од регуларните или пак невладините организации за достапна храна која што ќе можат да ја донираат, појаснува Јане Заевски од „Храна за сите“.

„Нашата мисија е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја. Угостителските објекти ќе се регистрираат на платформата каде ќе имаат можност да ја објаваат храната која нема да ја продадат но по пониски цени со цел да ги мотивираме потрошувачите да ја подигнат во одреден временски период. Дополнително ќе има модус и за донирање, со помош на НВО ќе ја донираат храната која што е најпотребна“, ја појаснува платформата Јане Заевски.

Угостителските објекти со вклучувањето во платформата ќе добијат можност за зголемена продажба, за намалување на трошоците поврзани со вишокот на храна, промоција и покажување на општествена одговорност преку донација на храната која што не ја продале. Засега интересот и за продажба на храната по пониски цени и за донирање од страна на угостителите е позитивен и индивидуален , напоменува Заевски. Со реализација на платформата ќе почнат од Скопје од 10 март.

„ Подоцна планираме да се прошириме и во другите градови вклучувајќи го и Охрид. Доколку успееме да го направиме одржлив овој систем да не застанеме туку да ја прошириме платформата и во регионот. Бевме наградени од бизнис натпревари преку социјалните препријатија, на регионален натпрпевар „Филантропија на зелени идеи“ освоивме прво место. Доколку успешно ја имплементираме идејата ќе продолжиме и на Балканот“, вели Заевски.

Преку креирањето на овој оддржлив систем ќе се овозможи оние што немаат да добијат бесплатно храна, а и оние кои што имаат помалку или сакаат да заштедат да си купат еднакво добра храна за пониски цени“, стои во повикот на „Храна за сите“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top