Екипи на„ Охридски Комуналец“ од рано утрово интензивно работат на расчистување на езерскиот кеј од отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови. Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет.
Расте бројот на деца кои имаат говорен јазичен проблем, а недостасуваат логопеди во општина Охрид. Зорица Шикоска која работи како логопед во детскта градинка „Јасна Ристеска“, укажува дека било какво отстапување од некоја просечна рамка на појавување на говор може да претставува причина, родителот да се советува со логопед.
„Јас сум логопед во оваа градинка и го пратам говорниот развој на дечињата од 0 до 6 годишна возраст. Најголем акцент ставам на дечињата од 4 до 6 годишна возраст, поточно на средните и големите групи бидејќи тие деца ги подготвуваме за во училиште“
Шикоска кажа дека …
Туристичките субјекти се запознаа со стандардите за одржлив туризам. За прв пат во земјава се презентираат стандарди кои се однесуваат на економската, еколошката и социолошката одржливост на една дестинација, но и на приватните чинители и јавните институции. Денес ќе ги претставиме стандардите и ќе идентификуваме во која насока нашата дестинација да стане одржлива, информира Елена Иванова од Свис контакт, швајцарската агенција за развој и соработка. Советот за одржлив туризам има развиено 42 критериуми според кој една дестинација може да биде одржлива, укажува Елена Иванова ИМЕ Програма Сви…
Министерството за здравство целосно ќе ги финансира превентивните програми на граѓанските здруженија и невладини организации за заштита од ХИВ/СИДА. Здружението на граѓани Опција Охрид е една од 15те организации на ниво на Македонија која доби финансиска подршка од националниот буџет на РМ. Оваа граѓанско здружение веќе 13 години ги спроведува овие превентивни прегледи на територија на Охрид и Струга.
Овие невладини организации успеаја стапката да ја одржат во една нормала. Македонија се смета како една држава во која што стапката на ХИВ СИДА е сведена на минимум. Тоа е секако благодарение…
50 -те кучиња кои се сместени во привремениот стационар на Мауцкер ќе останат згрижени до месец август. Единствената волонтерка која во моментов се грижи бездомните животни да добијат хуман третман и да не се на улица најавува повлекување од својата повеќегодишна мисија и заминување во странство. Вилдана Садикоска, која остана сама во борбата за грижа на бездомните кучиња, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша.
„Жал ми е, но не можам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени, згрижени. Јас сум сега са…
Изаир Емини е херојот на Воска Спорт. Се играше 95.минута кога капитенот на Воска успеа од пенал да погоди за победа од 1:0 на неговиот тим против Охрид во градското дерби.
Ова се златни бодови на Воска Спорт, посебно ако се знае дека и Вардар славеше против Тетекс.
Инаку по мечот во Охрид, каде на трибините на “Билјанини Извори“ имаше одново доста публика, дојде до мал инцидент каде “гостите“ имаа што да му кажат на судијата Боби Величков, веројатно незадоволни од тоа дека во последните секунди од мечот досуди пенал за “домашниот“ состав.
РЕЗУЛТАТИ ОД 17-ТО КОЛО
БЕСА – СИЛЕКС 0:0
ВЕ…
8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок.
„Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие години. Благодарност од се срц…
Пуштен во употреба реновираниот градски стадион со фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Србија. Двете младински репрезентации на охридскиот стадион во соседско дерби за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Во текот на изминативе месеци на стадионот се изгради новата источна трибина со 1480 седишта, се постави модерно осветлување на теренот, а се осовремени и наводнувањето на тревнетиот терен, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори.
Во летниот период беше оспособен новиот начин на наводнување со сензори и компјутер, нема веќе човечки …