Сеп 7, 2021

Новата авантура на „Гладијаторите“ започнува во четврток

Со нови сили за нови победи, нестрпливо се очекува стартот на новата суперлига. Подготвителниот период е зад градскиот ракометен клуб Охрид во кој одиграа 6 натпревари преку кои играчите влегоа во задоволителна форма. Оваа година играчкиот кадар е освежен со ракометари кои веќе имаат забележително искуство во македонскиот ракомет. Нови лица во нашиот клуб се Шилегов, голманот Блажески, српското дуо Стефан Додиќ и Алекса Милошевиќ. Со доаѓањето на Стефан Додиќ, имавме среќа да донесеме еден таков играч, јас сум задоволен како тренер, а мислам и управата. И останатите се истотака млади, но…

Мар 10, 2018

Отпадот кој го исфрла езерото може драстично да се намали

Отпадот кој деновиве го исфрла Охридското Езеро може драстично да се намали доколку се постават решетки на сите водотеци, реки и суводолиции на подрачјето на нашата општина. Во моментов еден ваков проект кој го изготви Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ е во крајна реализација, информира Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. Тој кажа дека во рамки на овој проект во ЈП ќе биде формирана посебна служба која ќе се гижи околу одржувањето на решетките кои треба да се постават на устието на реките. „Ќе се намали повеќе од 90% количината на отпад кој…

Мар 9, 2018

Варовиот малтер да се употребува при конзервација на историските објекти

Македонскиот национален комитет за споменици и локалитети, препорачува да се употребуваат варовите соединија кои се основа за постоење на нашето културно наследство. Д-р Лазар Шуманов, стручен конзерватор при Македонскиот комитет на ИКОМОС вели се што поседуваме како културно наследство е изградено врз база на вар. Верските објекти кои траат со векови и ги издржаа ланските земјотреси во Охрид се потврда дека во заштитата и понатаму треба да се применуваат материјали кои го издржуваат тестот на времето, напоменува д-р Шуманов. Една од препораките е употребата на варовиот материјал , вели д-р…

Мар 9, 2018

Гочева: Новиот албум „Извор“ го отсликува мојот музички израз последниве неколку години

Поп дивата, најдобриот македонски вокал, Каролина Гочева, најавува незаборавен концерт за кој долго време ќе зборува во Охрид. Концертите во Охрид секогаш се убави вели таа. Ветува дека атмосферата од неодамнешниот концерт кој го имале во Скопје ќе ја пренесат и вечерва во Охрид, каде ќе биде промовиран нејзиниот најнов албум „Извор“. Гочева открива колку време работеле на последниот албум „Го снимавме цела измината година се заедно…сепак тоае процес кој трае подолго од планираното, не сакавме да се ограничуваме во никакви временски рамки, сакавме тогаш кога ќе сме задоволни сите од тоа …

Мар 8, 2018

Охридските туристички субјекти се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија

Министерството за економија и охридските угостители и туристички работници ги пеглаат новите предлог измени во законот за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој. Туристичките работници ќе предлагаат решенија за надминување на некои слабости за да се подобри климата за работа. На денешната дискусија претставници од ресорното министерство од прва рака ги запознаа со некои предлог измени кои ги бараат угостителите и туристичките работници од земјава. На денешната расправа охридските туристички агенции искажаа незадоволство од предлог решени…

Мар 8, 2018

Градоначалникот Стојаноски отствари средба со претставници на светскиот совет за одржлив туризам

Како дел од континуираната соработка со СВИСС – ИМЕ програмата во областа на стратегиски развој на Охрид како туристичка дестинација, градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со представниците на СВИСС – ИМЕ програмата како и со експерт од Светскиот совет за одржлив туризам – Global Sustainable Tourism Council (GSTC),  Др. Михи Кан. Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам, познати како критериуми за GSTC. Разговорите се водеа во контекст на подготовка на Стратегија за одржлив развој на  туризмот во Општина Охрид, …

Мар 8, 2018

Деновиве Охридското Eзеро исфрла отпад

Депониите по коритата на реките завршија во езерото. Околу 40 метри кубни разновиден отпад, трска, шишиња, најлони, за само два дена е подигнат на потегот од Градското пристаниште до холандскиот парк. Количината на отпадот кој се најде на градскиот кеј е резултат на изливање односно високиот водостој на реките и речните корита, поради обилните врнежи на дожд и топењето на снегот од планините, вели Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. „Не се работи за отпад кој бил наталожен на дното од езерото и сега е исфрлен на самото крајбрежје, се работи за нов отпад…

Мар 8, 2018

Жените во АРМ

Жените ги надминуваат стереотипите за некои професии кои порано се сметаа за исклучиво машки. АРМ е вистинска платформа за професионален развој на една амбициозна, храбра, издржлива, дисциплинирана, со еден збор жена која навистина го сака тоа што го работи односно вистински ја сака оваа за многумина повеќе „машка“ професија. Таков е примерот со Мишела Маркоска и Елисавета Димитриеска, вработени во Армијата на Р. Македонија во Центарот за обука на вода во Охрид. Мишела е старешина, а Елисавета работи во администрацијата, двете фамилијарни жени, мајки на две деца. Мишела по потекло е од Скоп…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top