Мар 29, 2018

Велигденски базар на плоштадот Чинар

По повод одбележувањето на Велигденските празници и збогатувањето на верско-туристичката понуда на Охрид, на 4 и 5 април, Општина Охрид и ЈП „ Градски пазар“, на плоштадот „ Чинар“  организираат Велигденски базар. Заинтересираните правни и физички лица  кои сакаат бесплатно да ги користат пултовите поставени на плоштадот „ Чинар“ за изложување на своите производи, можат да се пријават во просториите на ЈП „ Градски пазар“, најдоцна до понеделник ( 2.04.2018 година ) . Лице за контакт: Соња Недеска, тел. 070/ 339 508.

Мар 29, 2018

Се чистеше крајбрежниот појас кај Холандскиот Парк

Високиот водостој  на реките кои се влеваат во Охридско Езеро како и нивото на езерото кое се ближи до максимално дозволената граница, повторно предизвика натрупување на отпад во крајбрежниот појас кај Холандскиот Парк и месноста Мазија. Во езерските води пливаат пластични шишиња, картонска  амбалажа , лименки и др. комунален отпад. Ангажирани се 6 (шест) општи комунални работници кои од чамец го собираат отпадот и трската .

Јан 13, 2022

Пушка и куршуми пронајдени кај жител на Горенци

На 12-ти и 13-ти јануари 2022 година, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на А.А. (52) од охридското село Горенци. Притоа, пронајдени се и одземени една ловна пушка „Монте Карло” калибар 12 милиметри и 30 куршуми за ловна пушка различен калибар што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Мар 27, 2018

Градоначалникот на средба со босанската амбасадорка во Р. Македонија

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со босанската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ. На средбата се разговараше за остварување меѓусебна соработка на повеќе полиња.  Се разговараше за интензивирање на соработката во туризмот, односно, подобрување на понудата за остварување на се повеќе балкански тури. Понатака, градоначалникот и амбасадорката, разговараа и за остварување на соработка во областа на културата, односно, гостување на босански уметници на „Охридско лето“. На средбата стана збор и за продлабочувањето на меѓусебните односи со градот Мостар,…

Сеп 9, 2021

Во Охрид услови за локален дожд и температура до 18 степени

Времето денеска во Охрид променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд претежно во западните и крајните источни делови. UV индексот ќе биде 4, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени. Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Ќе има и услови за слаб локален дожд во планинските подрачја – информираат од УХМР. 

Мар 26, 2018

Општината со мерки за подобрување на водата од цевководот на ЕМО

Поради последните три последователни негативни резултати добиени од анализата за исправност на водата кои се однесуваат за стариот цевковод од ЕМО Охрид, а со цел за заштита на здравјето на граѓаните од руралните подрачја на овој дел од општината, Локалната самоуправа на Општина Охрид даде налог на  МЈП Проаква Струга  РЕ Водовод Охрид да се превземат мерки за подобрување на квалитетот во водоснабдувањето во подрачјето каде што поминува овој цевковод .Мерките предвидуваат целосно прочистување преку хиперхлорирање, дезинфекција и санација на цевководот кое ќе се извршува констатно и во иднин…

Мар 25, 2018

Охрид домаќин на натпреварот по меѓународно хуманитарно право, “Жан Пикте“

Синоќа во х.Метропол, започна 30 јубилејно издание на реномираниот интернационален натпревар по меѓународно хуманитарно право, “Жан Пикте“. Во  наредните седум дена 48 тимови од 29 земји со 144 учесници – студенти, ќе се натпреваруваат во решавањето на дадени кризни ситуации, со менување на улогите во процесот. Во присуство на амбасадорите на Франција и Швајцарија, Кристијан Тимоние и Сибил Сутер Терада, во името на градот домаќин, пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој посакувајќи им добредојде на високите гости и студентите , рече дека е голема честа што организат…

Мар 23, 2018

Чистење на плажата Грашница

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на крајбрежниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до Калето.Плажата е расчистена од отпадот кој е натрупан од езерските води: најзастапена беше езерсктаа трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика,  хартија, лименки  и др. Плажата е расчистена од отпадот кој е натрупан од езерските води: најзастапена беше езерсктаа трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика,  хартија, лименки  и др.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top