Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица.
Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува Анастазија Димзовска, граѓански …
До Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнале 198 апликации за ИПАРД 2 програмата од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Со помош на средства од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност да се развива и руралниот туризам. Македонските земјоделци најмногу интерес покажале за реализација на проекти од секторот алтернативно пр…
Побарувачката за купување куќи во стариот дел на Охрид е намалена. Најактуелни за купување се куќите со поглед на езеро во делот на Света Софија, Канео и Месокастро но најчесто тоа се стари објекти кои имаат потреба од реновирање. Но бирократските процедури за вадење градежни дозволи се многу долги па купопроджбата се одвива многу тешко. Врз продажбата на недвижностите во голем мера покрај долгите бирократски процедури за вадење градежни дозволи за реновирање на куќите влијае и долгата постапка за легализација, вели Александар Трајковски од Агенцијата за недвижности Енхелеја.
„ Голем проце…
Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети.
„ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија.
Близначките Лазароски сликаат од својата шеста година. Нивн…
Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети.
„ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија.
Близначките Лазароски сликаат од својата шеста година. Нивн…
Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур, ветуваат од Локалната самоуправа. Велат дека ќе се направи ред во поставувањето урбана опрема и останати реквизити за забава како граѓаните и туристите не би биле незадоволни од изгледот на најголемиот туристички центар во државава.
Интенција на Локалната е да нема таков изглед. Во моментов не дозволуваме да бидат поставувани тезги барем не на јавна површина и на градежно неизградено земјиште што е во сопственост на РМ и Општина Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски.
Градоначалникот кажува дека до нив стигнале повеќе забелешки поради урба…
Обновен Мостот на желбите. На задоволство на гостите , но и на охриѓани поправен е мостот кој преставува најкраткиот пат до едно од најатрактивните места на охридското крајбрежје, Канео. На мостот поставени се нови дрвени штици и останува уште да се направи ограда која ќе биде заштита за минувачите по него. Според информациите кои ги добивме тој од утре ќе биде ставен целосно во функција што значи дека за Велигденските празници сите кои сакаат ќе можат да уживаат на плажата Потпеш и населбата Канео и да ја посетат една од најубавите цркви посветена на Св. Јован Богослов. За велигденските пр…
Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата.
Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса јагнешкото е со промотивна…