Мај 4, 2018

Новозасадените јасени на Булевар Туристичка вандализирани

Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„ (на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов„ до пресекот со „Ариф Мустафа„). Оштетени се 15 дрвја чии стебла се деградирани со остар предмет.Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета и нагрдени се јавните зелени урбани површини и бара сторителите да бидат санкционирани.

Сеп 13, 2021

Во вторник времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан.Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и 14 часот.

Мај 4, 2018

Исплатата на обештетувањето од земјотресите повторно пролонгирана

Повторно се пролонгира исплатата на средствата на граѓаните кои претрпеа штети од силниот земјотрес  кој минатото лето го погоди Охрид. Иако од портпаролот на Владата беше изјавено дека  до крајот на Април ќе знаат дали и во колкава висина ќе бидат обештетени, пари сеуште не се префрлени. Денес до Општинската комисија за проценка на штети стигнало известување од Републичката комисија дека треба да се направат нови корекции во табеларните прегледи. Граѓаните кои чекаат оштета поради претрпените штети од земјотресот ќе почекаат. Иако портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, изјави дека исплат…

Мај 4, 2018

Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода

Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето на градот. За тоа уште пред една недела ги извести граѓаните, но во соопштението до јавноста беше наведено дека водата ќе биде пуштена до вчера до 19 часот, а вода граѓаните добија со задоцнување од пет и повеќе часа. Во текот на акцијата се соочивме со проблем на главниот доводен цевковод од 700милиметри кој доаѓа од пумпната станица Метропол…

Мај 4, 2018

Одбележан денот на реката Црн Дрим со проектот „Сино–зелено наспроти црно–сиво“

Со цел да се подигне свеста на луѓето, особено на младите, за исклучителната универзална вредност на регионот како и да се промовираат конкретни и сеопфатни активности кон зачувување на биодиверзитетот на реката Црн Дрим, нашата земја заедно со соседна Албанија го реализираа проект Сино – зелено наспроти црно – сиво. Традициите се создаваат и тие се нешто вредно бидејќи од нив потекнуваат нови иницијативи и соработки, истакна националниот координатор на проектот „Денот на Дрим“, Дејан Паноски. Настанот „Денот на Дрим“ годинава бележи мал јубилеј, 5 години од одбележувањето. Целта е да се по…

Мај 4, 2018

Охрид чист ќе ја дочека главната туристичка сезона

Во пресрет на главната туристичка сезона, во текот на месец мај и почетокот на јуни, со бројни акции, ќе се чисти Охрид, но и пошироката околина и околните планини.Активностите ќе започнат утре (05.05.2018 година), кога ќе се спроведе акција за генерално чистење на делови од подрачјето на Општина Охрид. Во истата ќе учествуваат охридските јавни претпријатија и општинската администрација. Предвидено е чистење на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, плажата од Горица III до Детското одморалиште, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег н…

Мај 4, 2018

Амбасадорот на Италија на средба со Градоначалникот Стојаноски

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео.Двете страни разговараа за  можностите од остварување  културна соработка, трговска размена меѓу Македонија и Италија, а беа разгледани  и условите за влегување на италијански инвеститори во Македонија.  На работната средба се стави   акцент  и  на владината одлука од месец март годинава според која италијанскиот јазик станува втор задолжителен јазик за изучување во  училиштата низ земјава. Беше подвлечено дека токму промовирањето на Италија и италијанската култура преку и…

Мај 4, 2018

Делегација од Јужна Моравија во посета на општина Охрид

Делегација од Јужна Моравија предводена од раководителот на Комитетот за меѓународна соработка  заедно со претставници од  Црвен Крст од чешкиот град Брно денес беа во  посета на општина Охрид. На протоколарната средба со градоначалникот  Јован Стојаноски се разговараше  за учеството и презентација  на Охрид на Саемот за туризам што е предвидено да се одржи во месец јануари 2019 година во Брно – Чешка. Од страна на градоначалникот Јован Стојаноски беше истакнато дека општина Охрид е отворена за секаков вид соработка почнувајќи од сферата на туризмот како и соработка и збратимување со некој …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top