Делегација од Јужна Моравија во посета на општина Охрид

Делегација од Јужна Моравија предводена од раководителот на Комитетот за меѓународна соработка  заедно со претставници од  Црвен Крст од чешкиот град Брно денес беа во  посета на општина Охрид.

 |   | 

Делегација од Јужна Моравија предводена од раководителот на Комитетот за меѓународна соработка  заедно со претставници од  Црвен Крст од чешкиот град Брно денес беа во  посета на општина Охрид.
На протоколарната средба со градоначалникот  Јован Стојаноски се разговараше  за учеството и презентација  на Охрид на Саемот за туризам што е предвидено да се одржи во месец јануари 2019 година во Брно – Чешка.
Од страна на градоначалникот Јован Стојаноски беше истакнато дека општина Охрид е отворена за секаков вид соработка почнувајќи од сферата на туризмот како и соработка и збратимување со некој чешки град.
Претходно   претставниците од црвениот Крст од Брно беа во посета на Црвен Крст – Охрид . Двете организации го презентираа својот начин на работа и  беше заклучено дека во иднина ќе се реализира официјална меѓусебна соработка  со што ќе се формира еден заеднички круг на функционирање Крагуевац- Охрид- Брно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top