Сеп 13, 2021

3Д модел од ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо

Со примена на фотограметриско снимање е изработен 3Д модел од ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо, во близина на Охрид. Прецизната документација од оваа градба, првенствено е потребна за изработка на Проекти за конзервација на архитектурата и мозаиците, а 3Д моделот од базиликата кој го изработи д-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп, може да се види на следниот линк: https://cesium.com/ion/stories/viewer/?id=2c36a522-11d3-41d0-a69b-7caa724c357e&fbclid=IwAR16VyjIoABUyD-tvJdUMrCmqtQJ2WcLPo6AW-bqDpDFZJ91fTQ-kDrAYbc

Мај 11, 2018

Донација од Дортмунд за охридската ТППЕ

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска прими делегација од Дортмунд, Германија предводена од Рудигер Шмит член на градскиот совет. Повод за средбата беше германската донација на противпожарна опрема за Територијалната противпожарната единица од Охрид.„Искрено се радувам на посетата на Рудигер Шмит, член на Градскиот совет на Дортмунд од германската покраина Северна Рајна Вестфалија и разговорите што ги водевме за досегашната и продлабочување на соработката во иднина. Благодарни сме на донацијата за потребите на нашата Територијана противпожарна единица и се надеваме дека во идни…

Мај 10, 2018

Македонија има квалитетно гориво

Македонија има квалитетно гориво. Тоа го гарантираат претставниците на македонските лабаратории за нафтени деривати. Директорот на Дирекцијата за оператива во Окта АД Скопје, Ице Рикалоски вели дека главната цел на сите лабараториите во регионот е да бидат акредитирани, со што се гарантирал резултатот за квалитетот на горивата. „Државите од сите учесници на симпозиумот во лабараториите ги имаат усвоено најновите европски стандарди за квалитет на горива и сите по законска директива или норматива мораме да ги задоволуваме тие квалитети. Нашата контрола, лабараториите ги пратат најновите стан…

Мај 10, 2018

Еко акција за чистење на градот „Мој Охрид-чист Охрид“

Во сабота, 9-ти јуни ќе се одржи голема Еко акција „Мој Охрид-чист Охрид“, за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.Акцијата е иницирана од Супер радио, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис секторот, охридските медиуми, еколошките и спортски друштва од Охрид.- Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона. Потегот од Воска д…

Мај 9, 2018

Во Охрид одбележан Денот на Европа

Охрид е еден од градовите во земјава каде се прославува Денот на Европа 9 ти мај. Одбележувањето започна со интонирање на македонскта и европската химна. Најмладите во боите на Европа, денес на градскиот плоштад играа, пееа, се дружеа, а беа поставени и штандови на кои беа презентирани европските членки преку бројни ликовни творби а исто така и нивните знамиња. Децата очигледно добро се потрудиле да научат што значи денешниот ден, а посебно открија детали за земјата која ја претставуваат. „Денес се одбележува денот на ЕУ. Денот на ЕУ се прославува затоа што на тој ден сите земји членки се …

Мај 9, 2018

Научниците едногласно ја усвоија Декларацијата за заштита на еко системот на Охридското Езеро

Едногласно усвоена Декларацијата за заштита на Студенчишко блато, од страна на светски научници за блатни системи.  Научниците врз основа на својата експертиза и посетата на блатото во документот констатираат неколку елементи. Охридското Езеро и со него поврзаното Преспанско Езеро имаат исклучителна вредност поради богатството на биолошка разновидност и неспоредливиот континуитет на развој во текот на најмалку 1,6 милиони години. Охридското Езеро е сè уште во извонредна состојба, но постојаниот внес на отпадни води претставува сериозна закана по неговиот квалитет. Последното живо блато на м…

Мај 9, 2018

Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери

Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето. Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат на општината. Почетната цен…

Мај 9, 2018

„Жогарија –Лоптарија“ спортски настан кој ги собра охридските основци на фер плеј

Охрид беше домаќин на голем спортско рекреативен настан насловен како „Жогарија – Лоптарија“. Спортското одмерување на вештините под ова мото се одржува кај нас за прв пат , а по 13-пат се случува на меѓународен план. Сто и шеесет ученици од осум охридски основни училишта, како и најмалите од детската градинка „Јасна Ристеска“ се натпреваруваа во фудбал, три на три и други спортски вештини во СРЦ „Билјанини извори“. Малите учесници во спортските игри ги поздрави Јован Стојаноски, градоначалникот на Охрид. Во обраќањето Стојаноски укажа на позитивното влијание на спортот врз градењето на здр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top