Спортската манифестација „ Охрид трчат “ што ќе се одржи во недела предизвика силен интерес кај спортистите скоро од целиот свет. Во недела на 3 јуни на двете трки во должина од 5 и 10 км ќе трчаат рекреативци, но и потврдени маратонци. Во Охрид ќе допатуваат 1025 спортисти од 10 држави, информира Иван Цветкоски, од Асоцијацијата за спорт „ Сите за спорт, спорт за сите“.
„ Тоа е бројка за почит не за македонски услови туку за Балкански и Европски услови. Од тој број на учесници имаме гости од надвор, од Македонија се 500 – 600. Охрид ќе биде спортски центар според бројот на учесници“, вел…
Поради изведување на градежни активности (минирање, бушење на косини на пат во двата правци) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Песочан, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот, информираат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. (
Од Охрид започна проекцијата на документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици и наставници во ОУ „Св. Климент Охридски“. Во ова охридско училиште долги години се негува и практикува едукација на деца со различности. Низ животната приказна на Николина Новакоска, главниот протагонист во филмот, нејзините соученици и стручните тимови се споделува процесот на образование на учениците со различности. Инклузијата е законска облигација за сите основни училишта, а успешниот процес, каков што е примерот во Св. Климент Охридски, зависи од сите нас, вели Мимоза Петревска, претс…
Двочлена делегација на Македонската секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), учествуваше на 34 национален конгрес на Грчката секција на ИПА, што од 9-ти до 13-ти мај годинава се одржа на островот Крит.На конгресот, репрезенти на ИПА Македонија беа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА-регион Охрид и Душан Јованов, претседател на комисија за надворешни односи. На свечената церемонија на конгресот, во својот пригоден говор,претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, во име на Македонската секција на ИПА, на грчките колеги го честита 34 конгрес посакувајќи им понатамош…
Проектот WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, денес беше промовиран во Струга. Активностите на овој проект вклучува повеќе активности кои се насочени кон подобрување на конкурентноста на македонската економија преку охрабрување на женското претприемништвото, извозот и иновациите, вклучувајќи го ИКТ и СТЕМ секторот, зелената економија, како и социјалното претприемништво. Претседателот на Здружението бизнис жени на Македонија Валентина Дисоска истакна дека сеуште е мал процентот на жени претприемачи околу 20 %
„Најголем број се во микро и малиот сегмент ние ставам…
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.Во текот на одбележувањето на неделата на животната средина предвидени се повеќе активности.Ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “, при што ќе бида…
Одлуката за забраната на употреба на педалинките на струшките плажи во прашање ја доведува егзистенцијата на 20 семејства, реагираа сопствениците на педалинките на денешниот протесен совбир. Тие бараат преиспитување на одлуката на советниците, собираат потписи против оваа одлука и велат дека истата ќе ја обжалат до Уставен суд. Протест на издавачите на педалинки во Струга. Тие денес го кренаа гласот против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој на последната седница на Совет со одлука ја забрани употребата на педалинките. Велат дека оваа одлука им дошла како гром од ведро небо и во најмала…
Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“. Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион на земјава, во исто време ќе укаже и на придобвиките што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели. Во исто време, ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат улогата на социјалната…