По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот К О Н К У Р С З А Н А Ј Д О Б А Р Р А С К А ЗУслови за учество на Конкурсот: 1.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок; 4. Краен рок за доставување на т…
Општина Охрид во соработка со Организацијата на градови со светско наследство (OWHC), Ве известува за можноста да патувате низ Европа и да откривате места од светското наследство со вкупен буџет од 1.000 евра за реализација на патувањето. Патувајте низ Европа и дознајте повеќе за наследството. Раскажете ни ја својата приказна и работите кои ги откривате, доживувајте и учете за време на вашето патување. Што научивме од нашето минато, што не поврзува или што не дели во Европа денес?Услови за поднесување на вашата кандидатура: Кандидатите треба да се на возраст помеѓу 18 и 28 годин…
На пригоден настан кој се одржа денеска, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели договорите за стипендирање на ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.Вакви стипендии се воведени за прв пат во Програмата за социјална и здравствена заштита на Општина Охрид и се финансирани од општинскиот буџет.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна дека оваа поддршка значи почеток на една поголема соработка и обезбедување на подобри социјални услови за лицата со ретки б…
Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски учествуваше на најголемиот Светски самит за технологии и иновации ,,WEBIT,, што од 25 до 27 јуни се одржа во Софија – Бугарија. Првиот човек на Охрид , имаше активна улога и учествуваше на Панел дискусијата на тема ,,Новите технологии и нивното влијание врз мобилноста, транспортот, здравството, инфраструктурата, енергетиката и финансиите. Од негова страна Охрид беше претставен како дел од семејството на градови, кои со примена на најновите научни методи и сознанија, употребувајќи ги најновите технологии, се стремат да го постигнат концеп…
„Рибарите“ во рамките од 1/16 финалето во Купот на Македонија ќе ги одмери силите со екипата на Локомотива од Градско.
Натпреварот ќе се одигра денеска од 15:00 часот на игралиштето на АМС во Градско.
“Човекот амфибија“ Јане Петков од Петрич, Бугарија на 24ти јули ќе се обиде да преплива должина поголема од 3,5 км во Охридското Езеро, врзан со ланци и во вреќа и со тоа да постави нов Гинисов рекорд. Организацијата на овај несекојдневен и атрактивен настан е на општинската организација на Црвен крст Охрид. „Ние се подготвуваме. Денеска ја обележувавме и обезбедувавме патеката по која што треба да плива. Тоа го правиме во соработка со локалната самоуправа на Охрид , со општина Петрич и со клубот „Охридски бранови. Сето тоа се надевам дека успешно ќе го реализираме и дека Јане Петков по вто…
Дваесеттина најубави фотографии од подводниот свет на Охридското Езеро денеска беа изложени на градскиот плоштад. Целта на изложбата која го привлече вниманието на охриѓани и на туристите е да се подигне јавната свест на пошироката јавност за важноста и потребата од заштита на Охридското Езеро како и промоција на езерото и градот, велат организаторите од Нуркачкиот центар Амфора. Езерото крие посебен свет со неизмерна убавина од која дел овековечи објективот на нуркачите Јован и Милутин Секулоски.„Сметам дека едни од најинтересните од фотографиите кои се направени се тие од подводната охрид…
Крсте Трајчески од село Завој, охридско, поборник за производство на органска храна, за себе вели дека со години е во борба со хемијата и хемиските препарати за прскање. Трајчески произведува органска храна која не е во допир со хемиски препарати, калеми стари сорти на овошни дрвца и отворено зборува за состојбите со прскањето во земјоделството и овоштарствотo кај нас. Нашите купувачи најчесто го купуваат „лицето“ на производот, а не колку е здрав производот или колку пати е третиран со хемиски препарати.
„Тие имаат свои комерцијални интереси. Колку сандаци ќе наполнат со јаболка и цреши. …