Градоначалникот Стојаноски учествуваше самит за технологии и иновации

Градоначалникот на Охрид,  Јован Стојаноски учествуваше на најголемиот Светски   самит  за   технологии и иновации ,,WEBIT,, што од   25 до 27 јуни се одржа  во Софија – Бугарија. 

 |   | 

Градоначалникот на Охрид,  Јован Стојаноски учествуваше на најголемиот Светски   самит  за   технологии и иновации ,,WEBIT,, што од   25 до 27 јуни се одржа  во Софија – Бугарија.  Првиот човек на Охрид , имаше активна улога и учествуваше на Панел дискусијата на тема ,,Новите технологии и нивното влијание врз мобилноста, транспортот, здравството, инфраструктурата, енергетиката и финансиите. Од негова страна  Охрид беше претставен како дел од семејството на градови, кои со примена на најновите научни методи и сознанија, употребувајќи ги најновите технологии, се стремат да го постигнат концептот на ,,Smart Sity,, – град кој треба да овозможи услови за подобар, похуман и поквалитетен живот за своите граѓани, притоа водејќи сметка за развојот но и заштитата на природата. Неговата дискусија предизвика голем интерес кај учесниците, а посебно излагањето за постигнувањето на баланс помеѓу заштитата на природното и културното наследство и развојот на градот.  Во рамки на учеството на овој светски реномиран настан градоначалникот Стојаноски  оствари бројни средби со своите колеги од Бугарија, Грција, Шведска, Норвешка, Данска, Австрија и други земји. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top