Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се севкупни победници на 39тиот Илиндески пливачки маратон . Два и пол километарската патека од Х. Парк до градското пристаниште Милкоска ја мина во време од 33 минути и 35 секунди, додека Цветкоски за 34 минути и 17 секунди.Прв на целта на пристаниште пристигна Симеон Кралевски кој победи во возрасната категорија над 16 години. На 24 годишниот скопјанец ова му е 3то учество на Илинденскиот маратон. „ Додека пливав многу мисли ми поминуваа низ глава, тешко беше, но сепак издржав до крај. Пресреќен сум. Изненаден сум од победата“- кажа Кралевски. 19 годишн…
Охриѓани го чествуваа 2 август Денот на македонската државотворност. Се одбележаа датумите на двата Илиндени 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од оджувањето на Првото заседание на АСНОМ. Историчарот, проф. Ристо Николески направи историски осврт на развитокот на државата на македонскиот народ.
„Државата на македонскиот народ е плод на тешки и долготрајни борби. Иако историјата на македонската нација и македонската државност има многу сличности по својот развоен пат, со многу неисториски народи од некои од словенски држави и народи, но има специфики што бара свој …
Во комплексот „Village Вања Камчев“ од денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро е новина во нашиот град и нешто што му недостасуваше на туристички центар како што е Охрид.
Бистрото има интересно мени со високо квалитетни оброци. Во понудата има свежи салати, супи, чорби и готвени јадења, а за љубителите на слаткото има и убави десерти. Цените се навистина достапни за сечиј џеб, па за сума од околу 100 денари може да се добие супер оброк. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна, како и бесплатно ка…
Новата автобуска станица е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено сме горди како партија, бидејќи охриѓани го заслужуваат и упатуваме честитки до граѓаните. Но кога се отпочнуваше проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа. Денес се тука горди што ќе сечат лента, ова беше кажано на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ која се одржа порасди свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Не сме сигурни и ги прашуваме господата од СДСМ, кога повеќе им беше срам, тогаш кога критикуваа дека ќе се прави нова автобуска стан…
Охрид доби современа автобуска станица на површина од 3200 метри квадратни. На свеченото пуштање во употреба покрај инвеститорот Аднан Исмаил беа присутни премиерот Зоран Заев и градоначалникот Јован Стојаноски. Истовремено беа поставени и темелите за изградба на нов трговски центар. Станува збор за домашна инвестиција вредна 7 милиони евра. Зградата со површина од 1100 метри квадратни има модерни сервисни и услужни простории со чекална, шалтери за продажба на билети, кафетерија. Терминалниот дел пак, е со површина од 2200 метри квадратни и има по 8 појдовни и дојдовни перони. Аднан Исмаил,…
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.
Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева.
Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед.
Белиот лебед ја загуби битката со прекумерната урбанизација и девастација на охридското крајбрежје. Својот последен танц го одигра на звуците на Лебедово езеро по што беше однесен во црна врќа од пред општинската зграда. Ова е само дел од уметничкиот перформанс кој се одржа денеска пред општина Охрид во организација на граѓанската платформа Охрид СОС и здружението Стар Лагадин. Активистите со пароли и на повеќе светски јазици ги повикаа надлежните во одбрана на природното и културно богатство на Охрид и крајбрежјето. Општиот акт за с. Лагадин е дело на претходната локална и централна влас…
Во охридската населба Кошишта утрово е спречен пожар од поголеми размери на непристапен терен. Во 10.30 минути, во ТППЕ е примен повик за интервенција на пожар во семејна куќа на улицата Вардарска.
Петмина пожарникари интервенирале со две возила на непристапен терен бидејќи станува збор за куќи кои се лепенки една до друга. Пожарот е локализиран за 15 минути, а целосно згаснат за 35 минути, информираат од охридската пожарна.За среќа во опожарената куќа е предизвикана материјална штета во само една соба со покуќнина.