Потребата од нова градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби. Бројот на деца во групите во сите градинки се над законски пропишаните нормативи, засега само во градинката во Пештани функционира според пропишаните стандарди. Денеска градските советнци дадоа согласност во групите да има поголем број на деца од законски пропишаниот стандард.
„ Несомено тоа води кон намалување на квалитетот на грижата за дец…
Локалната самоуправа и градоначалникот Стојаноски не се грижат ниту за изнаоѓање форми за поефикасно и поекономично одвивање на образовниот процес, ниту за подобрување на условите во училиштата, обвини портпаролот на охридскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. Со измена на развојната програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2018 – 2020 година, односно со ребалансот на буџетот се намалуваат средствата кои беа предвидени за реконструкција на кровот на ОСУ „Св.Климент Охридски“, посочи Божиновски.„Како долгогодишен просветен работник вклучен во образовни…
Новиот повик за субвенционирање евтини авиолинии со изменети услови кои ќе треба да ги исполнат авиокомпаниите што ќе достават понуди. Денеска Владата усвои Уредба за начинот и критериумите за доделување субвенции според која авиокомпаниите ќе имаат обврска до 10ти јануари 2019та год да воспостават база од најмалку еден авион на скопскиот или охридскиот аеродром за периодот за кој се доделува финансиската поддршка, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Во предходниот јавен повик, кој беше поништен, беше предвидено задолжително воспоставување на по една база и …
На детската градинка „Развигорче“ во Охрид ќе се заменува кровот со што целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој објект. Инвестицијата е во износ од 1.900.000 денари и е дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти. Минатата година во Развигорче беа заменети старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, објектот доби термо фасада, а беа поправени и сменети санитарните јазли, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
„Оваа година се прави демонти…
Во врска со вчерашната информација во некои од медиумите дека дошло до драстично зголемување на цената на возниот билет на релација Охрид-Скопје, реакција од „АД Галеб“ Охрид. Имено, беше наведено дека во моментов највисока е цената на билетот за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е 930 денари.
Билетот на релација Охрид-Скопје-Охрид во еден правец чини 650 денари, додека повратна карта е 900 денари. Во многу електронски медиуми се појави неточна информација дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на релација Охрид Скопје…
На осум тезги, 16 локални занаетчии на Сараиште ќе ги презентираат своите ракотворби. Од вечерва па се до недела ќе бидат презентирани уникатни сувенири изработени од вредните раце на охридските занаетчии. Тие пак покажале голем интерес за учество на базарот. Овој пилот проект е на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид со поддршка на Локалната самоупрва , информира Елеонора Новакоска, директор на установата.
„ Ние имаме дозвола за поставување на повеќе тезги, но годинава ќе одиме со скратена верзија на проектот. Имаше голем интерес па на една тезга ќе излагаат по двајца занает…
Во текот на последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, при што се регистрирани 557 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 268• Куманово 39• Велес 29• Кавадарци, Кичево и Струмица по 19• Тетово и Штип по 17• Прилеп 16• Радовиш 15• Кочани 12• Битола и Охрид по 10• Кратово 8• Свети Николе 7• Гевгелија, Гостивар и Ресен по 6• Валандово и Неготино по 5• Делчево, Крива Паланка и Струга по 4• Виница и Пробиштип по 3• Македонски Брод 2• Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово по 1
Пријавени се 28 починати лица…
Муслиманските верници денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. На првиот ден од четиридневното празнување се принесува жртва – курбан и се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите. Наши сограѓани, денеска по посетата на џамииите на бајрамската молитва традиционално го организираа обичајот на принесување на курбанот со што започна славењето на големиот празник.“По повод празникот, на денешниот обичај како курбан беа принесени петнаесет глави крупен и ситен добиток, од кој беа приготвени пакети со месо со тежина од 5 до 8 килограми, кои ќе бидат по…