НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од први септември повторно е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30часот.
Библиотеката постојано го обновува и збогатува книжниот фонд. Забрзано се работи и на набавкатана новите лектирни изданија за основно образование. Тоа е причина повеќе за зачленување на нови членови.
Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, на прес конференција упати обвинување Сашо Донев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ.
„Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на неработењето и неспособноста. Оваа…
Стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида, јавуваат загрижени родители чии деца го посетуваат овој објект. Тврдат дека околу 80 деца од сите групи во градинката Лихнида имале позитивен наод на задолжителениот брис од грло и нос кој треба да го направат за да бидат згрижени во градинка. Стравуваат за здравјето на своите деца и јавно прашуваат дали градинките се безбедни. За одговор на ова прашање, ТВМ ја контактираше Мери Рилкова, директор на ЈГДУ „Јасна Ристеска“. Рилкова информира дека само една третина од децата кај кои е констатирано во наодот присуство на ба…
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди спортската сала „ Билјанини Извори“, се со цел да овозможат достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци.
Санацијата на паркетот, новата записничка маса, новите мрежи за головите за ракомет и мал фудбал, освежувањето на боите на паркетот и sидовите покрај теренот се само дел од активностите кои беа реализирани.
Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер. Директорот на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски, вели дека забраната за депонирање на градежен шут на депонијата Мауцкер дополнително ја усложнило ситуацијата, а смета дека интензивирањето на активностите на инспекциските служби е она што може да биде решение на овој долгогодишен проблем.
„Овој проблем станува се поголем од отприлика две години, откако е донесена од…
Министерството за култура на Р.Македонија назначи 22-ца нови директори на национални установи во областа на културата во Македонија. Во Охрид и Струга назначени се нови директори на следниве институции:
– На НУ Фестивал „Охридско лето“ – повторно директор од Скопје. Со оваа престижна институција ќе раководи Наташа Поповиќ, професор по пијано, која живее и работи во Скопје.
– На манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ е назначен Тодорче Тасевски.
– Со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга ќе раководи Николина Велкоска Глигороска.
– Нов директор на Музејот д-р „Никола Не…
Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.
Утре преку денот и во недела претпладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневн…
Училишното звоно, утрово, за прв пат се огласи за охридските првачиња. Во училиштата се одржа свечен прием на првачињата. Градоначалникот Јован Стојаноски беше во посета на неколку школи и на почетниците им посака успешен старт. Бидете среќни и борете се да бидете уште една успешна генерација како ипретходните, да бидете гордост на нашиот град, рече Стојаноски. Градоначалникот им упати порака на наставниците и родителите од ОУ „ Христо Узунов“.
„Да се борите за квалитетно образование на вашите деца, зборувам како родител, човек и професор, дека нема повредна инвестиција во животот од инвес…