Неконтролираното фрлање на градежен шут се` почесто создава проблеми во тековното работење на Ј.П.„Охридски Комуналец„. Граѓанската неодговорност во овој поглед е видлива на многу локации во градот и околината. Последниот пример на кршење на Законот за јавна чистота со кој е забрането депонирање и фрлање на градежен отпад на јавни површини и во и околу контејнерите наменети за комунален отпад е на булевар „АСНОМ„. Големи количини од градежни материјали и шут завршиле околу контејнерите кои треба да им служат на граѓаните за депонирање комунален отпад.
Возило марка „Мерцедес“ се преврте вечерва на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата која се случи нешто пред 20:00 часот.
Од СВР Охрид најавуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Извор-ОхридПрес
Општина Охрид заедно со Друштвото за производство трговија и услуги О3 Инвест Скопје, го организира првиот Саемот за Вработување и Пазар на Идеи, кој ќе се одржи на 5 октомври во период од 12 до 15 часот, во непосредна близина на ТЦ АМАМ.Придобивките од учеството на саемот се запознавање лице во лице со барателите на работа, поврзување со други работодавачи, промовирање на компанијата. Се очекува присуство од голем број на работодавачи, како и студенти кои се на крај од своите студии. Саемот за вработување е бесплатен. Посетителите ќе бидат запознаени со начинот на работење на компаниите и…
Иако се уште немаат точна официјална бројка за посетеноста, генералниот заклучок на угостителите е дека ова лето имаше поголем број туристи во однос на лани. Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се поработи на привлекување на поквалитетни гости, туристи со подлабок џеб, поголема потрошувачка моќ, кои ќе оставаат повеќе пари во градот. „Кога ќе речеме квалитативност на гостинот мислиме на неговата финансиска моќ и најдобро би било Охрид да се стекне со една клиентела која што освен овие секојдневните работи кои може да се сретнат во градот да биде посветен на поголемите бога…
Во делови од Охрид каде што се речните корита на Грашница, Коселска и Сушица и каналите започнато е нивно чистење од наноси на тиња, песок и ѓубре. Водостојот на реките е намален и сега е најпогодно време за чистење на коритата на деловите за кои Локалната самоуправа има ингеренции, вели Томе Нанески од Фондот за Комунални дејности.
„ Започнато е чистењето на речното корито на реката Грашница на потег од улицата Туристичка до улица Железничка. Тука сме при крај со чистење. Утре завршуваме и ќе се префрлиме на каналот кај бензинската пумпа Лукоил. Потоа ќе се префрлиме на дел од реката Суши…
Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба – 2018“.Традиционалната манифестација која датира од 1963 година, се одржа во терминот од 20 – 23 септември, а учествуваа повеќе од 400 илјади гости, кои учестуваа на карневалот и дефилето на учесниците во “Жупската берба“. Посетителите имаа можност да присуствуваат и на бројни концерти, изложби и да го посетат уникатниот Музеј на винарство и лозарство.На средбите со градоначалникот Југослав Стајковац и претсе…
Дивата депонија на Муцкер, која „изникна“ во близина на северниот влез од Охрид, од утре ќе почне да се покрива со земја. Од Министерството за животна средина најавија дека имаат програма со која ќе ги расчистуваат дивите депонии. Градот пред 10 година наместо да добие слободна економска зона доби во непосредна близина еколошки загадувач за која сега нема пари да ја дислоцира депонијата.
„ Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување со депониите и производство на енергија од нив. Тие европски вредности ќе доминираат во конечната одлука. 99 посто од општините ни ги доверија …
Тим од општина Охрид, како урбанистички предизвик во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија.Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот, дел од обврските претставува и вклучување на јавноста со цел да се добијат мислења од засегнатите страни. Од различните начини на партиципација на јавноста се…