Окт 1, 2018

Годинава охридските ресторани и туристички водичи останаа без награди од Министерството

На листата на наградените ресторани и туристички водичи од министерството за економија и годинава нема нити еден охриѓанец или охридски угостителски објект. Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев на прашањето зошто во изборот ги нема угостителските објекти од охридско – струшкото крајбржје, вели се се решава во престолнината на земјава. „ Јас секогаш кажувам туризмот е во Скопје и таму во престолнината се решава за се. Нас не ни требаат награди, награда ние тоа што не има во светските весници Фолкс, новинските агенции SNN I BBC, во написите за Охрид и за рестораните, нема да ги споменам…

Окт 1, 2018

Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија

Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го празнува овој празник , се отп…

Окт 1, 2018

Селото Пештани утре без вода

Жителите на село Пештани утре ќе бидат без вода.Од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод Охрид информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа, утре, 2-ри октомври, во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во ова охридско село.

Окт 1, 2018

ОДБЕЛЕЖАНА 20-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВИОТ КОНГРЕС НА СОЈУЗОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ

Дваесет годишнината од оддржувањето на Првиот конгрес на Сојузот на балканските Египќани, свечено беше одбележана денес во големата сала на општина Охрид. На свеченоста на која присуствуваа и гости од здруженијата на египќаните од Албанија и Косово, беше истакнато дека продолжува процесот за целосна еманципација на Балканските Египќани и нивно равноправно учество во  политичкиот и јавниот живот во земјите во кои живеат.Градоначалникот Јован Стојаноски, обраќајќи се пред присутните, им го честита јубилејот и истакна дека нивната етничка заедница е конструктивен дел во градењето на соживот во…

Сеп 19, 2021

Физички нападнат 71-годишен охриѓанец

На 18-ти септември 2021 година, околу 16:00 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.Д.(66) и Е.Д.(23) врз А.Д.(71), сите од Охрид. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. 

Сеп 28, 2018

Една деценија хуманитарна акција „За посреќно детство“ на OO Црвен крст

Утре ќе стартува хуманитарната акција „ За посреќно детство“ во организација на ОО Црвен Крст. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Големата хуманитарна спортско-рекреативна акција ќе започне со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Охриѓани преку многу спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од помош. Нивниот број е во пораст посебно на лицата кои имаат потреба од лекува…

Сеп 28, 2018

На охридското крајбрежје има интерес за странски вложувања во изградба на хотели

На охридско – струшкото крајбрежје се повеќе се чувствува недостиг од хотелски капацитети, посочуваат хотелиерите. Сегашните 7000 легла во хотелските сместувачки капацитети на крајбрежјето се недоволни. Со изградбата на 10 – тина хотели, со по 200 соби или околу 10.000 легла, би ги  задоволиле потребите, напоменува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска при работната посета на Охрид информира дека странски инвеститори се заинтересирани за вложување во туризмот на крајбрежјето. „ Од аспект на инвестиции има доста заинтересирани за изградба…

Сеп 28, 2018

„МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања –Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на  Светскиот Ден на Срцето (29.09.2018г.) кое оваа година се одржува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”. Овогодишната порака се однесува на подигање на свеста за клучното прашање кое треба да биде пред нас – Што се можам да направам за подобра грижа и здравје на моето срце, твоето срце, сите наши срца? Прашање кое е поставено пред секој индивидуалец, здравствен работник и вклучен во креирање на здравствени политики.Оваа година  под покровителство на Ал…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top