ОДБЕЛЕЖАНА 20-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВИОТ КОНГРЕС НА СОЈУЗОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ

Дваесет годишнината од оддржувањето на Првиот конгрес на Сојузот на балканските Египќани, свечено беше одбележана денес во големата сала на општина Охрид.

На свеченоста на која присуствуваа и гости од здруженијата на египќаните од Албанија и Косово, беше истакнато дека продолжува процесот за целосна еманципација на Балканските Египќани и нивно равноправно учество во  политичкиот и јавниот живот во земјите во кои живеат.

Градоначалникот Јован Стојаноски, обраќајќи се пред присутните, им го честита јубилејот и истакна дека нивната етничка заедница е конструктивен дел во градењето на соживот во Охрид и изрази надеж дека наскоро ќе дојде време да се реализира и нивното барање, како етничка заедница да бидат дел од преамбулата на Уставот на Република Македонија.

балканските, годишнината, Египќани, конгрес, одбележана, првиот, сојузот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top