„МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања –Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на  Светскиот Ден на Срцето (29.09.2018г.) кое оваа година се одржува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”.

 |   | 

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања –Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на  Светскиот Ден на Срцето (29.09.2018г.) кое оваа година се одржува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”.

Овогодишната порака се однесува на подигање на свеста за клучното прашање кое треба да биде пред нас – Што се можам да направам за подобра грижа и здравје на моето срце, твоето срце, сите наши срца? Прашање кое е поставено пред секој индивидуалец, здравствен работник и вклучен во креирање на здравствени политики.

Оваа година  под покровителство на Алкалоид АД Скопје, одбележувањето на  Светскиот  Ден  на Срцето е на малку поинаков начин отколку претходните години.  По повод  Светскиот  Ден  на Срцето  објектот на Нашата установа  во периодот од 18 до 21ч. ќе биде осветлен во црвена боја а лекарскиот тим  во тој период ќе дели брошури и совети кои се однесуваат на  сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата полулација и спречување на влошување на здравјето на срцето кај кардиолошките пациенти.

Повеќе од потребно е во чест на Светскиот Ден  на Срцето овој настан да биде што повеќе медиумски подржан, поради тоа Ве покануваме на ден 01.10.2018г. во 19.30 часот во дворот пред зградата на ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања –Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top