Окт 23, 2018

Американски експерти ќе извршат мапирање и фотографирање на црквата Св. Софија

Еден од најрепрезентативните споменици на културата во Македонија, катедралната црква Св. Софија викендов ќе биде фотографирана со користење на најсовремена технологија. Документирањето на екстериерот и ентериерот на црквата , со фокус на фреските, ќе се прави под подкровителство на Министерството за култура на Република Македонија, во координација со Општина Охрид, од страна на тимот на  американски експерти од CyArk компанијата.Експертите од CyArk  ќе ги документираат податоците од Св. Софија на три нивоа. Ќе се користат беспилотни дрон летала, земјени ласерски скенирања и фотографирања о…

Окт 23, 2018

ЈУ НП „Галичица“ ќе се финансира од туризам

Парковите се препуштени на самофинансирање. Пракса во минатото била финансирањето да е од користење на природните ресурси, односно од сеча и продажба на огревни дрва. „Од тие причини не треба да се лутиме кога не поистоветуваат со шумското стопанство. Повеќе од 90% од финансиите потребни за оперативно работење ги обезбедувавме од  сеча и продажба на огревни дрва“, вели Андон Бојаџи – дир. на ЈУ НП „Галичица“. Но сега тоа ќе се смени.  „Сме многу блиску да обезбедиме соодветно функционирање на јавната установа и за прв пат во Р. Македонија имаме значителен процент на приход, а да не е од дир…

Окт 22, 2018

ОК ВМРО ДПМНЕ: Првата година од владеењето на СДСМ и Стојаноски – една од најслабите во историјата на градот

Охрид тапка во место една година со заспаната администрација и никаква активност на Јавните претпријатија. Ветените проекти беа само предизборна измама за охриѓани. Оваа Локална власт на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори, обвини денеска на прес конференција портпаролот на Ок на ВМРО ДПМНЕ. „Нема инфраструктура, улици, водоводи, нема економски движења, нема инвестиции, нема градежништво, нема развој. Не направија ниту еден проект, но затоа има партис…

Окт 22, 2018

СОСТАНОК СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ОД МЕСНИТЕ ЗАЕДИЦИ ОД РУРАЛНИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Секторот за туризам и локален економски развој, на 24.10.2018 година (среда), во големата сала на општина Охрид, со почеток во 17 часот, организира состанок со претседателите на Месните заедници од руралните населени места. На состанокот ќе се разговара за процесот и отпочнувањето на активностите за изработка на Стратегијата за рурален развој на општина Охрид за периодот 2019- 2025 година.           Основните цели на овој стратешки документ за рурален развој ќе бидат идентификување на концептот, насоките и приоритетите за рурален развој, намалување на разликите во степенот на развојот на ур…

Сеп 20, 2021

(ОБНОВЕНО) ОД ДЕНЕСКА ДО ЧЕТВРТОК ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ВО ОХРИД

Во тек е вежбата „Македонија 2021“ во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК). На денешната церемонија на отпочнување на вежбата во поранешна касарна „Генерал Михајло Апостолски“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја нагласи важноста од цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби. Посочи на заедничките евроатлантски вредности кои се двигатели на меѓусебното приближување на државите од ре…

Окт 22, 2018

ХУМАНИТАРЕН ХЕПЕНИНГ ЗА ПОМОШ НА САРА НАСТЕСКА

Со цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, во училишната сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот  се организира хуманитарен маскенбал по повод Halloween за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот беше 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара. Исто така, вработените и учениците во ОУ „Григор Прличев“ Охрид организираат хуманитарен хепенинг во среда во 16:30 часот со акцијата: Од мене, од тебе, од нас… за Сара!

Окт 22, 2018

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето.Градоначалникот, Јован Стојаноски во своето обраќање им го честита патрониот празник на професорите и учениците и им посака и понатака да продолжат да нижат успеси како и до сега.  Во рамки на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел и културно – уметничка програма подготвени од учениците во ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Окт 22, 2018

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЕУ

Градоначалкникот на Охрид, Јован Стојаноски и амбасадорката на Австрија во Р. Македонија, Ренате Коблер  синоќа  во Охрид имаа протоколарна средба со  претставници од Министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на ниво на Директори за ЕУ и Западен Балкан.На средбата се разменаа  мислења за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, а се разговараше и за придобивките што ќе ги има Македонија по евентуалното членство во Европската Унија и можностите за развој на Охрид како главен туристички центар во регионот.Претставниците од земјите-членки на ЕУ покажаа интерес…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top