ЈП„ Охридски комуналец“ доби пајак возило. ЈП Паркинзи од град Скопје како донација отстапи пајак возило на град Охрид. Комуналец, сега со две возила, ќе ги засили интервенциите по налог на сообраќајната полиција за непрописно паркирање на возилата. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец се заблагодарува на донацијата од град Скопје на специјалното возило кое ќе се користи за нивни интерни потреби, но и за подигање на возила кои не ги почитувале сообрќајните прописи.
„Сето тоа значи таа дејност ќе ја работиме со две возила со што бројот на неправилно паркирани возила и културат…
На 16-та седницата на Советот на општина Дебрца, советниците едногласно ја изгласаа предлог одлуката за доделување на помош за лекување на Сара Настеска во висина од 100.000 денари.На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор Anemia Aplastica, кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. За зафатот се потребни повеќе од 200.000 евра, кои ќе се искористат за лекување во Германија.
Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 05 ноември 2018 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ши…
Родителите, посебно на учениците во пониските одделенија, како и педијатрите апелираат сериозно да се разгледа проблемот со исхраната на децата во училиштата. Бараат да се направи напор повторно да се отворат училишните кујни како би се обезбедил топол и нутритивно избалансиран оброк за децата. Учениците во охридските основни училишта немаат топол оброк не по вина на градската власт, велат од локалната самоуправа.Локалната е одговорна за функционирањето на основните и средните училишта во општина Охрид но управувањето со самите образовни установи е на раководствата, како директорот, родител…
За прв пат по една година од формирањето на новата постава на ЛС пред советниците беше ставен на усвојување нацрт урбанистичкиот план за УЗ 2, УБ 2.3 , опфат 5 КО Охрид 3 за планскиот перид 2013-2018. Планерот со нацрт урбанистичкиот план предлага на постојните објекти да се доизградат катови. Советниците од Вмро Дпмне реагираат дека доколку се усвои нацрт планот ќе се овозможи изградба на висококатници кои пак ќе имаат урбана деградација во строгиот центар на градот.
„Ние како град треба да имаме Стратегија за урбанизмот во градот. Ова точка што е денес на дневен ред нема да ја поддржиме“…
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и’ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И се…
За обесштетување од невремето кое беснееше на охридското крајбрежје на 17ти март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој денес го усвоија градските советници утре ќе биде испратен до Владата.Градските советници го усвоија елаборатот за проценка на штети од поплавите кои го зафатија Охрид на 17ти март годинава . За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина и до 100 км/час, високите бранови и обилните дождови до општинската комисија за проценка на штети пристигнале 129 барања за обесштетување од кои најголемиот …
На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.- Ќе направиме се` да бидеме добри домаќини. Ви благодарам на сите пред се` заради овие млади деца кои се иднината на нашиот град и кои еден ден сигурно ќе бидат шампиони на Македонија во фудбал. Ја имаме најубавата и најперспективната екипа и вреди да се работ…