Охридските основци ќе почекаат за топол оброк

Родителите, посебно на учениците во пониските одделенија, како и педијатрите апелираат сериозно да се разгледа проблемот со исхраната на децата во училиштата.

 |   | 

Родителите, посебно на учениците во пониските одделенија, како и педијатрите апелираат сериозно да се разгледа проблемот со исхраната на децата во училиштата. Бараат да се направи напор повторно да се отворат училишните кујни како би се обезбедил топол и нутритивно избалансиран оброк за децата. Учениците во охридските основни училишта немаат топол оброк не по вина на градската власт, велат од локалната самоуправа.
Локалната е одговорна за функционирањето на основните и средните училишта во општина Охрид но управувањето со самите образовни установи е на раководствата, како директорот, родителските совети и слично, кои одлучуваат како ќе го решаваат овој проблем, објаснува општинскиот гласноговорник.  

„Во еден период знаете  дека имаше училишта кои имаа услови , имаа кујна, како ОУ Христо Узунов и Св Климент Охридски. Кујната се издаваше на приватни фирми и на тој начин беше обезбедуван тој оброк за учениците меѓутоа понатаму , претпоставувам од економски причини дел од тие оператори сокујните се откажаа и сега имаме состојба да немаме топол оброк во училиштата“, објаснува Томе џамтоски – портпарол Локална самоуправа Охрид.

Проблемот се провлекува уште од 2005та год кога Владата на РМ ги укина кујните, односно училишните мензи, бидејќи не задоволувале одредени стандарди . Ние како локална самоуправа за оваа тековна учебна  година не успеавме но работиме на тоа во учебната 2019/2020 та год да има топол оброк за учениците, вели Џамтоски.

„Општина Охрид за наредната година ќе направи максимални напори, пред се во оние училишта кои имаат услови, пред се ОУ Христо Узунов и  Св Климент Охридски, да се обезбеди топол оброк за учениците. Но повторувам тоа останува право на раководствата на училиштата“, додава Џамтоски.

Темата со исхраната на децата во училиштата е постојано актуелна. Посебно загрижуваат податоците за гојазноста кај децата како резултат на конзумирањето брза калорична храна богата со заситени масти и шеќери. Пред 4 години во Градскиот совет , советникот Јоне Станскоски , покрена иницијатива да се разгледа можноста од повторно отворање на училишните кујни во основните училишта и субвенционирање на топол оброк за учениците од страна на општината. Предлогот не беше прифатен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top