Комисија во владата ќе одлучува за обесштетување од мартовското невреме во Охрид

За обесштетување од невремето кое беснееше на охридското крајбрежје на 17ти март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој денес го усвоија градските советници утре ќе биде испратен до Владата.

 |   | 

За обесштетување од невремето кое беснееше на охридското крајбрежје на 17ти март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој денес го усвоија градските советници утре ќе биде испратен до Владата.

Градските советници го усвоија елаборатот за проценка на штети од поплавите кои го зафатија Охрид на 17ти март годинава . За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина и до 100 км/час, високите бранови и обилните дождови  до општинската комисија за проценка на штети пристигнале 129 барања за обесштетување од кои најголемиот дел или 109 барања се од физички лица.

„Вкупната проценета сума за штетите од поплавите е 19 милиони денари. Најголеми штети претрпени се на крајбрежјето. Настрадаа платформите, кафетериите, хотелите“ вели Раде Велјаноски – општинска комисија за проценка на штети.

Со денешната одлука на Совет, елаборатот уште утре ќе биде испратен до владата односно до Републичката комисија за проценка на штети. Во елаборатот се опфатени сите правни и физички лица кои поднеле барање за обесштетување без оглед дали се легални или без потребна урбанистичко планска документација.

„Ние како комисија вршиме проценка и на легални и на нелегални градби, и на осигуран и на неосигуран имот. Тоа е според закон. Проценката ја праќаме до Влада. Владата ќе одлучи дали ќе ги обесштети“ објаснува Раде Велјаноски – општинска комисија за проценка на штети.

За  штетите од поплавите од 17 март во владата е формирана посебна комисија па од локалната се надеваат на брза постапка и одлука за процентот до кој ќе  биде обесштетувањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top