Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, настрада викендов во сериозна сообраќајна несреќа во Германија. Како што велат првичните информации, несреќата се случила во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија.
Несреќата се случила по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил пренесен во болница по несреќата, каде што, за жал, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите. Според полицискиот извештај, две возила слетале од патот и ги погодиле банкините, а првите информации биле дека тројца луѓе од Сеат Ибица се повредени.
Во болница на здобиените повреди им подлег…
Викендов во Скопје, на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој настапија 6 стрелци од охридскиот стрелачки клуб.
Прво место и нов државен рекорд во јуниорска категорија за Анастасија Мојсовска со резултат од извонредни 616,0 кругови. Во сениорска категорија таа заостана зад првопласираната за 4,6 кругови. Ваквата спортска форма на Анастасија која во изминатиов период има нагорна линија, беше мотив за Селекторот на македонската стрелачка репрезентација да ја пријави Анастасија за претстојното Европско прв…
На 02,03.2022 година од 06 до 10 часот, на подрачјето на Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.
Притоа, на стариот пат Охрид-Струга, кај селото Подмолје, сопрен е автобус сопственост на автотранспортна компанија од Охрид, управуван од Б.Р.(59) од Охрид по што констатирано е дека возачот не поседува документација за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган. Против возачот и правниот субјект ќе бидат поднесени соодветни пријави – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, е промовиран новиот видео спот за химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR.
Песната е посветена на Децата со ретки болести и е снимена во студиото „Китрозон“. Музиката е на Јовица Каралиевски, текстот го напиша Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Истата беше промовирана минатата година како дел од кампањата за подигнување на видливоста на лицата со ретки болести.
Химната ја исполнуваат најдобрите на талент шоуто O…
Предводејќи ја локалната и централната власт, СДСМ докажа дека вистински е посветена на креирање квалитетни политики и реализира значајни проекти за подобра иднина за Охрид, истакна на денешната прес конференција Науме Јованоски, носителот на советничката листа од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Благодарение на ангажманот на градоначалникот Константин Георгиески, реконструирани се и асфалтирани значајни градски сообраќајници и значително се подобрени условите за безбеден сообраќај, кажа Јованоски потсетувајќи на зафатите во делот на инфраструктурата како реконструкцијата …
Во завршна фаза се работите за адаптација и санација на зградата на Подрачното училиште во село Требеништа, соопшти градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.
„Се адаптира просторијата за котлара за централно греење на училиштето и се решава проблемот со континуираната влага во училиштето, проблем кој поранешните локални власти на неколку пати го решаваа, но поради пропусти при изведбата не го решија. За таа цел, од источната страна на училиштето повторно се поставува дренажа, со поставување перфорирана цевка, гранулиран дробен камен и бетонирање под цевката“ кажа Ногачески.
„Вкуп…
Еколозите и граѓанските активисти од СТРуга бараат итна средба со премиерот Зоран Заев. Тие испратиле писмо до премиерот загрижени за инертноста на иституциите во конечното решавање на проблемот со дивата депонија на влезот од градот. Тие потсетуваат дека и по една и пол година од одлуката на Владата за итно решавање на проблемот нема конкретни резултати. Глигорие Ќатоски од граѓанското движење „Доста е“ , предлага вклучување на премиерот за да се реши овој мошне сериозен еколошки проблем за Струга .
„Во врска со проблемот со транспортот на отпадот до регионалната депонија Дрисла сметаме д…
Во интерес на биосферниот резерват Охрид-Преспа е заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за негов одржлив развој. За ова прашање се дикутираше денеска во Охрид на работилница насловена „“ Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид Преспа“ организирана од Албанската фондација за развој на локалниот капацитет. Пред претставници на риболовните организации и ловни федерации од Македонија и Албанија, граѓански еколошки организации, претсавници на општините, економски и локално население од двете земји беа презентирани податоци од п…