• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дали е можно искористување на природните ресурси од една страна и истовремено зачувување на животната средина?

Дали е можно искористување на природните ресурси од една страна и истовремено зачувување на животната средина?

Денес во Охрид претставници на риболовните организации и ловни федерации од Македонија и Албанија, заедно со претставници на граѓанските организации кои делуваат во областа на екологијата и претсавници на општините, економските чинители и локалното население од двете земји, ги презентираа податоците прибрани од фокус групата задолжена за обезбедување информации за просторно планирање и управување со природните ресурси и наследството на овој прекрасен регион.

 |   | 

Во интерес на биосферниот резерват Охрид-Преспа е заштитата на природните реткости, но и промовирање на нови туристички и економски вредности за негов одржлив развој. За ова прашање се дикутираше денеска во Охрид на работилница насловена „“ Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид Преспа“ организирана од Албанската фондација за развој на локалниот капацитет. Пред претставници на риболовните организации и ловни федерации од Македонија и Албанија, граѓански еколошки организации, претсавници на општините, економски и локално население од двете земји беа презентирани податоци од проектот за заштита на овој прекрасен регион. Преставникот на Албанската фондација која се јавува како носител на проектот, Михалач Чирио, истакна дека најважна цел на самиот проект претставува создавање на еден систем, преку кој ќе се мапираат најважните екосистемски услуги во прекуграничниот биорезерват Охрид-Преспа, но и да се разбере како истите влијаат и се користат во шумарството, ловот и риболовот, но и во самиот туризам, како стопанска гранка во која лежи развојот на овој регион.

„Главна цел на оваа работилница е да се допринесе кон балансиран и одржлив социо-економски развој на природните ресурси во прекуграничниот биорезерват Охрид-Преспа, преку обезбедеувањее информации за просторно планирање и управување со природните ресурси и наследството во регионот.Односно да се направи еден баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на природното наследство.Ако зборуваме за економски развој во една заштитена зона, треба да ги знаеме границите и овластувањата пред се, бидејќи, треба внимателно да се одбере индустријата или стопанската дејност која може да се развива во рамките на тоа подрачје, без истото да го загрози“, Михалач Чирио – претставник на Албанската фондација за развој на локалниот капацитет ALCDF.

Претставниците од ловните и риболовните друштва, објаснуваат дека повеќе од итна е интервенција и ангажираност на сите чинители и од двете земји, се со цел, да се продолжи со промоција на туризмот од една страна, но и да се спречи деградацијата на овој регион преполн со природни реткости.

„Една од најдобрите гранки во туризмот, претставува ловниот туризам. Општина Охрид, на пример треба да соработува со ловните друштва. Кај нас доаѓаат ловци од Грција, од Италија, од Албанија и тука престојуваат и по 15 дена. На пример од 1ви август се пушта ловот за прелетен дивеч, а ловците од странство тоа навистина го обожаваат и сакаат следниот пат кога ќе дојдат тука кај нас да си ги донесат и своите фамилии. Да ги сместат во хотелите а тие да си обавуваат лов на самите ловишта“, кажа Зоран Целакоски – ловник – „Здружение на ловци од Охрид“.

Она што треба да се изработи е студија за изводливоста на воведувањето на информатички систем за просторно планирање во ловот и риболовот, неговата примена од страна на двете федерации. Потоа треба да се спроведат обуки за користење и пристап до тој систем, и да се направат сеопфатни студии за потенцијалите и важноста од зачувувањето на екосистемите за ловот и риболовот, велат експертите. Додаваат и дека резерватот Охрид Преспа не остана имун на последиците од глобалното затоплување.

„Мечката ја имаме во голем број, заштитена е со закон, нема отстрел, казната е некаде 4 години затвор и праичната казна е 8000 евра, ја има на нашите простори многу, тука се и дивата свиња, срната и зајакот, но самата природа поради дождот кој го нема, го тера дивечот на миграција. Само за пример помеѓу месностите Штрбово и Наколец, кога се оди накај Маркова нога, бидејќи нема вода свињата се насели во долниот дел до езерото и во глобала и бавчите претрпуваат штета, а тој терен е на друг концесионер“, објасни, Илче Трајкоски – Претседател на Здружение на ловци „Преспа“ – Ресен.

Инаку финансиската рамка на овој проект изнесува повеќе од 400.000 евра, кои ги доделува Европската Комисја, носител на проектот е, Албанската фондација за развој на локалниот капацитет ALCDF, а партнери се СЕФ Холдинг, Федерацијата на риболовни организации на внатрешни води на Албанија и Ловечката федерација на Македонија.Проектот ќе трае до крајот на оваа година а еден од очекуваните резултати е подигнување на свеста кај локалното население, зголемена соработка и поддршка за зачувување, обновување и развој на флората и фауната во охридско преспанскиот регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top