РЕ Водовод од Проаква преговара со месни заедници за превземање на селските водоводи под нивна надлежност. Целта е правилен третман на водата за пиење според Правилникот за безбедност на водата што недостасува со децении во повеќе охридски села. Водоснабдувањето во селата е градено со месен самопридонес на жителите кои сега не се согласуваат да плаќаат иста цена за потрошена кубикажа вода како жителите од градот.
„ Факт е дека водоводот е направен со сопствени средства од мештаните но уште е поголем фактот што законската постапка е управување со водните ресурси на водоводните претпријатија…
Општина Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид и сите возачи на мотрни возила дека на дел од атмосферската канализациoна мрежа на крстосницата помеѓу улиците “7-ми Ноември“ и “Егејска“ во Охрид, настанат е дефект. Од тие причини ЈП “Нискоградба“ од Охрид согласно изготвениот план за работа во период од 22.02.2019 година до 24.02.2019 ќе врши санација на истата. Во тој период сообраќајот на тој дел од крстосницата и на двете улици кои ја формираат истата ќе се одвива во отежнати услови.
Воедно Ве известуваме дека поради отежнатите околности за работа на ден 24.02.2019 година ќе се вр…
Поради асфалтирање, улицата „Јане Сандански“ утре (29.09.2021) во период од 5.00 ч до 16.00 ч. ќе биде затворена за сообраќај.
Надлежните служби при општина Охрид упатуваат апел до охриѓани од вечерва да ги отстранат паркираните возила од двете страни на коловозните ленти со цел во раните утрински часови непречено да започне реализацијата на предвидените градежни активности.
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23. февруари 2019 година (сабота), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.свешт-мч. Харалампиј“ со почеток во 8.45 часот.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
Младата руската пијанистка со светска слава, Злата Чочиева, на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните кои од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата Света Софија со почеток од 18 часот.
Стручната јавност за Чочиева вели дека е пијанист од светска класа а длабочината на нејзините перформанси, единствена моќ и зрелост се импресивни.
„Таа е многу интелигентен и чувствителен музичар. Во нејзината игра таа ја комбинира длабочината со фантазијата, давајќи им …
„Продолжува самоволието на одредени поединци, на кои не им пречи постојаниот притисок, медиумско експонирање на проблемот изминатиов период, па на одредени парцели помеѓу Струга и Калишта тампонираат, поставуваат бетонски огради, палат трска и друга вегетација среде бел ден, а на повеќе локации се депонира и градежен шут“, обвинуваат активистите од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.
Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид SOS, во соопштението испратено до медиумите посочуваат дека: -„Се чини како да е ова ничија земја, како да не важат овде законите на државата, како да нема никаква кон…
Реиздавањето на концесиите на плажите заглавено во судски лавиринти.Речиси половина година охридските концесионери стопанисуваат со плажите без да плаќаат никаков надомест за закупнина. Судските спорови, кои настанаа помеѓу старо новите концесионери на јавната лицитација во јули лани, се уште се влечат по судови, а општинаксата каса остана покуса за износот на концесиите. Градот изгуби илјадници евра.
„Некој таму стопанисува на имот кој што не е негов, а период уназад не плаќа кирија а целата таа постапка е по судови. Ќе видиме кој ќе биде излезот. Тука губи општината. Имавме прилив…
Фудбалот и кошарката се најчестите спортови со кои охриѓани се рекреираат на спортските терени. Од СРЦ Билјанини извори кажуваат дека прават се вратите на спортскиот центар да бидат отворени и за спортистите и за граѓаните. Љубителите на спортот тука може не само да уживаат на спортските настани туку и да спортуваат, информира Гордана Јованоска директор на СРЦ Билјанини извори. Во таа насока се организира и во престојната пролетна сезона фудбалскиот бизнис турнир.
„ Во бизнис лигата може да пријават сите фирми кои имаат вработени љубители на фудбалот. Запишувањето е до 1 март, а финалето ќ…