Фев 26, 2019

Инцидентот со девојчето каснато од куче скитник во самиот центар на Охрид ја вознемири јавноста

Инцидентот во кој куче скитник касна малолетничка ја вознемири охридската јавност. Имено, 50 годишен охриѓанец за време на викендот пријавил во СВР Охрид дека неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на плоштадот „Св. Климент Охридски“, во центарот на градот. Во врска со настанот денес на прес конференција реагираа и од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Велат нема ден, Охрид да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња насекаде во градот. „Неспособноста на Локалната самоуправа и после година и пол од преземањето на власта резултира со нерешен про…

Фев 26, 2019

„Млади лидери создаваат иднина“

Црвен крст Охрид во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија започнува нова програма „Млади лидери создаваат иднина“ наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование. Програмата интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. „Млади лидери создаваат иднина“ е програма дизајнирана да ги зајакне лидерските вештини на учениците и да им помогне како лидери да земат учество во нивната заедница, како и да стекнат и развиваат вештини з…

Фев 26, 2019

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СМРТТА НА МАРКО БОШЊАКОВ

Во 11 часот пред спомен обележјето кај неговата родна куќа во стариот дел на Охрид ќе биде положено свежо цвеќе. Точно напладне во просториите на државниот архив во Охрид ќе биде одржан историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко Бошнаков. Програма за одбележување на годишнината од смртта на Марко Бошнаков Датум : 27.02.2019 ( среда) Полагање свежо – цвеќе пред спомен –обележјето на Марко БошнаковМесто : родна куќа на БошнаковВреме : 11.00 часот Историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко БошнаковМесто : Државен архив на Р.Македонија П Е – ОхридВреме …

Фев 25, 2019

Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“

Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. По направените сондажи од страна на стручни лица од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта било констатирано дека овај кружен тек кој е поставен на една многу фреквентна крстосница, има оштетувања и некои недостатоци па неопходно е да се реконструира. Најпрво се планирало само да се направат некои помали зафати, но состојбата на терен покажала дека неопходна е целосна реконструкција. Завршена е тендерската постапка, склучен е договорот со изведувачот за реконструкција на кружниот тек „Јане …

Фев 25, 2019

Охрид ќе добие нов спортски објект

Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Со тоа не само што училиштето ќе добие современа спортска сала, туку и градов ќе има нов простор во кој ќе можат да се одржуваат спортски настани. На оние состаноци кои ги имавме со покојниот градоначалник тој ни побара проекти со кои ќе аплицираме. Јас му го понудив проектот за спортската сала кој беше изготвен од 2008 и стоеше во фиока. Веднаш се зинтересира и набрзо општината ја забрза поста…

Фев 25, 2019

Презентирана дел од опремата за безбедност на вода од проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“

Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст Охрид, викендов во Поградец Албанија, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода. Во присуство на Евроамбасадорот во Албанија Г-дин luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој од Албанија како парт…

Сеп 28, 2021

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Во големата сала на Општина Охрид денеска беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид. Според предвиденото, Локалната стратегија за млади се креира со активно учество на младите луѓе, релевантните институции, организации и бизнис секторот кои денеска беа присутни на настанот и ги изнесоа своите ставови, предлози и сугестии во врска со стратегијата. Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските о…

Фев 25, 2019

Доделени ученички стипенди од Oпштина Дебрца

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески оствари средба со учениците-средношколци и студентите од општина Дебрца кои по објавениот конкурс од општината добија ученички, односно студентски стипендии за учебната , односно студиската 2018/2019 година. Петнаесет средношколци кои имаат континуиран одличен успех ќе добиваат поддршка од по 1.500 денари месечно, а пет студенти по 2.500 денари, за времетраење од девет месеци во учебната, односно студиската година. При врачувањето на решенијата и потпишувањето на договорите на учениците и студентите им посакав многу успех во образованието …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top