Среда 06.03.2019 година на репертоарот во Центарот за култура повторно ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија работена според истоименото вонвременско дело на Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.
Играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаАдријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – ДупеваСценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев
Станува збор за тетарско дело кое се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството…
В. Д градоначалникот Константин Георгиески вели иако проектот за реконструкција на кеј Македонија беше ниско рангиран од Светска банка заради недостиг на документација, општината не се откажува, повторно ќе аплицира за пари за оваа намена. Лицето на градот Охрид, местото каде уживаат гостите и охриѓани, ќе добие сосема нов современ лик. Сега е обезбедена комплетната документација со правосилно одобрение за реконструкција на кејот.
„Сега имаме одобрение за градба од министерство за транспорт и врски кое што е правосилно и тоа ние како документ во нашата апликација гдо Светска банкаго н…
Охриѓани ја одбележаа 111 годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков. Се положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на неговата родна куќа, а се одржа историски час за охридските основци во охридскиот Државен Историски архив. Славица Јанковска, раководител на Историскиот архив во Охрид зборуваше за ликот и делото на охридскиот револуционер кој се школувал во Солун и се приклучил на револуционерното движење за ослободување на Македонија од Османлиското ропство.
„Марко Бошнаков е еден од охридските напредни сили кој се приклучил на гемиџиите. Целта на нивното дејствување била да се ск…
Поради најава за влошување на временските услови се одлага асфалтирањето на улица „Јане Сандански“ што беше предвидено за денеска. Поради подготвителните активности според најавеното улицата ќе биде затворена за сообраќај.
Во петок на 1 март од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде прикажан документарниот филм посветен на минатогодишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата полскиот поет Адам Загајевски.
Во филмот кој е автопортрет на поетот преку луцидни прашања и одговори Загајевски ја презентира својата поезија и поетика .Комплетен автор на документарецот е Диме Ратајкоски а филмот е заеднички проект на МТВ и СВП.
Премиерата на документарецот се случи во Скопје неодамна а филмот по Охрид наскоро ќе биде прикажан и во други градови низ државава.
Викендов во Суботица во соседна Србија се одржа Таеквон-до ИТФ А класа турнир “СРБИЈА ОПЕН 2019” на кој зеде учество и охридскиот клуб „ХВА РАНГ ИТФ”.
На овај престижен турнир учетвуваа 37 клубови од 12 земји од Европа, и тоа едни од нaјдобрите репрезентации во светот, што беше извонредно искуство за нашите натпреварувачи, учествувааа натпреварувачи од Украина, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Хрватска,Словенија, БиХ,Србија, Македонија, Грција, Бугарија.
На турнирот беа претставени и неколку дебитанти кои беа пријатно изненадување , а некои се закитија со нивниот прв медал. Најпријат…
Швајцарската авиокомпанија „Edelweiss“ објави дека од 6-ти април годинава ќе лета два пати неделно на линијата Цирих-Охрид и обратно.
„Edelweiss“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, секоја сабота, а од јули до август и секој вторник.
Линијата ќе ја опслужува со авион од типот Airbus А 320.
На македонскиот пазар „Edelweiss“ веќе оперира од „Меѓународниот аеродром Скопје“ од каде лета до Цирих и обратно.
Ќе се случи наука,ќе се случи физика!
Студентската секција на ДФРМ, EPSYM – Скопје под покровителство на доц. д-р Ристе Попески-Димовски од Институтот за Физика при ПМФ Скопје, во соработка со Вера Зороска предметен наставник по физика во ОУ„Христо Узунов“-Охрид, организираат двочасовен настан за попларизација на физиката. Овој настан, кој е всушност една приказна, патување со светлината, наречен The Light Fantastic, претставува склоп од експерименти со кои се прикажуваат скоро сите светлосни појави со кои се сретнуваме околу нас. Ова шоу е создадено во 2015 година во склоп на „2015 …